1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Човекови праваЕвропа

Драстичен раст на барателите на азил во ЕУ

СН/агенции
28 февруари 2024

Бројот на барања за азил во земјите од ЕУ, во Норвешка и во Швајцарија значително пораснал во минатат година. Мнозинството баратели доаѓаат од Сирија и Авганистан. Најпосакувано одредиште повторно е Германија.

Во 2023 година во ЕУ, Норвешка и во Швајцарија имало речиси 20 насто повеќе барања за азил отколку претходната 2024
Во 2023 година во ЕУ, Норвешка и во Швајцарија имало речиси 20 насто повеќе барања за азил отколку претходната 2024Фотографија: Bodo Schackow/dpa/picture alliance

Во земјите од Европската унија, Норвешка и Швајцарија, повеќе од 1,1 милион луѓе поднеле барање за азил во 2023 година, што е помалку од бројот од врвот на мигрантската криза во Европа во 2015 и во 2016 година, се вели во годишниот извештај на Агенцијата на ЕУ за азил.

Во извештајот објавен денеска се наведува дека лани имало 18 отсто повеќе барања за азил отколку во 2022 година. Барање поднеле 1.142.618 лица. Во екот на мигрантската криза во 2015 година, тој број беше 1.315.466.

Стапката на одобрени барања за статус на бегалец или супсидијарна заштита е околу 43 проценти и таа е речиси иста со години, при што и изгледите на граѓаните од различни земји да добијат дозвола за престој се исти.

Најбројни Сиријците и Авганистанците

На крајот на 2023 година, сè уште имало 883.000 барања, што е најмногу од врвот на мигрантската криза во 2015 и 2016 година.

Сепак, се посочува дека сето тоа не ги одразува целосно предизвиците со кои се соочува ЕУ, бидејќи околу 4,4 милиони украински бегалци добиле некаков облик на привремена заштита во неа, кои не мора да бараат азил за да ја добијат право на престој. 

Најголемиот дел од барањата за азил во ЕУ се поднесени во ГерманијаФотографија: C. Ohde/blickwinkel/McPHOTO/picture alliance

Меѓу барателите на азил и натаму најбројни се сириските државјани со 181.000 барања, а нивниот број е зголемен за 38 отсто во однос на 2022 година. По нив следат Авганистанците кои поднеле 114.000 барања, но тоа е за 11 отсто помалку од 2022 година.

Најмногу барања за азил во Германија

Процентуално, најмногу се зголемил бројот на баратели на азил од Турција, дури за 82 отсто на 101.000.

Најпосакувана дестинација за потенцијалните баратели на азил минатата година била Германија, каде биле поднесени 29 отсто од барањата, речиси една третина од сите барања пристигнати во земјите на ЕУ, односно 334.000.

Повеќе барања се поднесени во Германија отколку во Франција (167.000) и во Шпанија (162.000) заедно, кои се на второто и третото место по бројот на барања.

Унгарија, иако е земја со 9,5 милиони жители, убедливо е на последното место и лани добила само 30 барања. Малиот Кипар, со околу 921.000 жители, примил 12.000 барања за азил.

 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми