1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Експертите предлагаат ЕУ со четири нивоа

БГ /АФП
19 септември 2023

Германија и Франција во Брисел во вторникот го претставија планот за реформа на ЕУ изработен од експерти од двете земји, по што Унијата би била подготвена за прием на нови членки.

Ана Лирман
Германската министерка за Европа, Ана ЛирманФотографија: Hannes P Albert/dpa/picture alliance

Во извештајот претставен од Франција и Германија, а изработен од независни експерти од двете земји, се повикува ЕУ да усвои низа реформи за да биде подготвена до 2030 година да прифати нови членки. Експертите од двете европски земји ги подготвија предлозите насочени кон рационализирање на начинот на кој функционира Унијата додека Брисел се подготвува за најголемиот бран на проширување во последните децении.

Во документот, експертите за Европа предлагаат, меѓудругото, намалување на Европската Комисија, носење повеќе одлуки по мнозински принцип и поголема флексибилност во пристапните преговори на земјите кандидати.

„Препораките на извештајот имаат три цели: зголемување на способноста на ЕУ да дејствува, подготовка за проширување на ЕУ и зајакнување на владеење на правото и демократскиот легитимитет на ЕУ“, се наведува во извештајот кој го претставија германската министерка за Европа, Ана Лирман и нејзината француска колешка Лоранс Бун.

Француската државна секретарка за Европа, Лоранс БунФотографија: John Thys/AFP/Getty Images

„Јасно е дека проширувањето на ЕУ е во наш заеднички интерес“, рече Лирман на презентацијата на извештајот.
„Затоа мораме веднаш да започнеме за да сториме се што е наша моќ да обезбедиме дека ЕУ е подготвена за проширувањето“. 

Диференцијација на ЕУ 

Во извештајот, експертите ја повикуваат ЕУ да си ја постави целта за проширување до 2030 година.

За тоа да се реализира, Унијата треба да ја укине едногласноста која се бара за клучни теми како оданочување, финансии и надворешни работи, и таа да се замени со квалификувано мнозинство.

Експертите кои го подготвиле извештајот предлагаат реформите да се спроведат од страна на земјите кои сакаат да го сторат тоа, а оние кои се против да се изостават. Тоа понатаму би можело да води кон европска интеграција која би опфаќала повеќе нивоа: „внатрешен круг“ на држави кои сакаат да соработуваат поблиску, поширока ЕУ, придружно членство и полабава политичка заедница. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми