1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Реформистот Пезешкијан е новоизбран претседател на Иран

СН/агенции
6 јули 2024

По смртта на претседателот Ебрахим Раиси, Иран мораше да избере нов шеф на државата. По првиот круг, двајца кандидати влегоа во вториот круг од изборите: умерено конзервативниот Пезешкијан го победи тврдокорниот Џалили.

Реформскиот кандидат Масуд Пезешкијан ќе биде идниот претседател на Иран
Реформскиот кандидат Масуд Пезешкијан ќе биде идниот претседател на ИранФотографија: Atta Kenare/AFP/Getty Images

Дали на Иран му претстои промена во политиката по изборната победа на умерениот претседателски кандидат Масуд Пезешкијан?
Поранешниот министер за здравство Пезешкијан победи во вториот круг од претседателските избори во Иран и во своето прво обраќање порача дека „им подава рака на сите Иранци“. Како што утрината објавија државните медиуми, Пезешкијан со повеќе од 16 милиони гласови го победил ултраконзервативниот кандидат Саид Џалили, кој добил поддршка од над 13 милиони Иранци. Економската криза во Иран беше во фокусот на дебатата за време на изборната кампања.

Пезешкијан: „Ни претстои тежок пат“

Во обраќањето по изборната победа Масуд Пезешкијан им се заблагодари на своите поддрживачи и притоа порача:  „Патот пред нас е тежок. Ќе биде лесно само со ваша соработка, емпатија и доверба. Ви пружам рака“, рече Пезешкијан.

Масуд Пезешкијан ја слави победата со своите приврзенициФотографија: Vahid Salemi/AP/picture alliance

Новоизбраниот претседател рече и дека „ќе подаде рака на пријателството на сите“.

„Сите ние сме жители на оваа земја, треба да ги искористиме сите за напредок на земјата“, рече Пезешкијан.

Пезешкијан, кардиохирург, се залага за ублажување на прописите за носење на хиџабот кај жените и за приближување кон Западот, иако и тој со децении го поддржуваше врховниот водач на Иран Али Хамнеи и елитната единица Чувари на Исламската револуција.

Рекордно ниска излезност

Новоизбраниот претседател ќе го наследи Ебрахим Раиси, кој загина во мај во хеликоптерска несреќа на северозападот од земјата заедно со министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахијан и неколку други официјални лица. За предвремените избори за шеф на државата таканаречениот Совет на чувари, можно исламско контролно тело одобри одобри само шест од пријавените 80 кандидати за претседател. Двајца се повлекоа уште пред првиот круг.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи гласаше на вториот круг на претседателските избориФотографија: Atta Kenare/AFP/Getty Images

Околу 61 милион Иранци во вториот круг на гласањето во петокот, 5 јули, 2024 можеа да изберираатт меѓу Пезешкијан и Џалили. Според податоците на избирачкото тело, одѕивот на гласачите бил 49,8 отсто. Во првиот круг, тој изнесуваше само 40 проценти - најниската вредност од Исламската револуција во 1979 година. Изборите не беа набљудувани од ниту една меѓународно призната набљудувачка група.
 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми