Рекорден број убиени новинари во 2025
25 февруари 2026
Во изминатата година биле убиени 129 новинари и медиумски работници – најмногу во последниве децени, соопшти Комитетот за заштита на новинарите (ЦПЈ) со седиште во Њујорк. Оваа невладина организација го обвини Израел за две третини од случаите на убиства на новинари. Ова е втора година по ред како организацијата бележи нов рекорден број убиени новинари од почетокот на собирањето податоци пред повеќе од 30 години.
Повеќе од две третини од сите смртни случаи во 2025 година се случиле во конфликтни ситуации, соопшти ЦПЈ. Повеќе од 60 проценти од 86-те припадници на медиумите кои во 2025 година биле убиени од израелско гранатирање биле Палестинци што известувале од Појасот Газа. Израелската војска истакнува дека никогаш намерно не таргетира новинари.
Според ЦПЈ, бројот на новинари убиени во Украина и Судан во 2025 година исто така пораснал во споредба со годината пред тоа.
„Има рекорден број на убиени новинари во време кога пристапот до информации е поважен од кога било“, изјави претседателката на ЦПЈ, Џоди Гинзберг. „Сите сме во опасност кога новинарите се убивани поради нивното известување.“
ЦПЈ го потенцира засиленото користење на дронови. Така биле убиени 39 новинари. Од нив 28 случаи се поврзани со акции на израелската армија во Појасот Газа. ЦПЈ ја критикува „културата на неказнивост“ и нагласува дека недостасуваат транспарентни истраги за убиствата.