1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ревизија: ДИК пренасочила милиони за рекламирање

24 март 2026

Ревизијата за 2024 година открива дека ДИК пренасочила над 2 милиони евра за политичко рекламирање, спротивно на законскиот сооднос за изборни трошоци.

Државна изборна комисија, 25.03.24
Како ДИК ги троши парите за избори и зошто се зголемени трошоците за политичко рекламирање?Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Над 129 милиони денари од буџетот наменет за изборни активности биле пренасочени кон трошоци за политичко рекламирање, покажува ревизијата за работењето на Државната изборна комисија (ДИК) за 2024 година.

Според ревизорските наоди, распределбата на средствата не била во согласност со законски утврдениот сооднос, што укажува на проблеми во планирањето и реализацијата на буџетот. Ваквото пренасочување на значителен дел од средствата, велат ревизорите, отвора прашања за транспарентноста и оправданоста на трошењето јавни пари во изборниот процес во Македонија.

Наместо да се следи пропишаната структура на финансирање, дел од средствата биле насочени кон политичко рекламирање, што според ревизорите може да влијае врз рамнотежата и интегритетот на изборниот процес.

Што предвидува законот и што покажува ревизијата

Согласно член 88 од Изборниот законик, средствата за спроведување на изборите се обезбедуваат од буџетот на државата и со нив управува ДИК. Од тие средства: две третини се наменети за трошоците на изборните органи, а една третина за покривање на трошоците на учесниците во изборната кампања, односно за платено политичко рекламирање

За претседателските и парламентарните избори во 2024 година биле обезбедени 1,4 милијарда денари, со реализација од 99,9%. Но, анализата покажува дека планирањето не било усогласено со законот: наместо 33,33% за политичко рекламирање биле планирани 50% и наместо 66,67% за изборни дејствија биле планирани само 50%.

Билбоди на локалните избори во Македонија во 2025 годинаФотографија: Petr Stojanovski/DW

Во одобрените буџетски средства, политичкото рекламирање учествува со 43%, а изборните дејствија со 57%. Како резултат на ова, над 129 милиони денари биле прелеани од средствата за изборни дејствија кон трошоци за политичко рекламирање.

Пошироки системски слабости

Ревизорите утврдиле низа структурни проблеми и недоследности во финансиското управување на ДИК. Тие укажуваат на потребата од:

  • трајно решение за складирање на изборниот материјал и биометриската опрема
  • подобрување на обработката и евидентирањето на податоци за членовите на изборните одбори
  • кадровско зајакнување на стручната служба на ДИК
  • појасни услови за гласање на граѓаните во странство
  • следење на судските постапки во кои ДИК е странка

Покрај тоа, ревизијата го истакнува и прашањето за усогласување на законите поврзани со оданочување на изборните активности и преиспитување на моделот на распределба на средства за политичко рекламирање. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми