1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ревизорите утврдија низа слабости во работењето на ФЗО

ДТЗ
10 февруари 2023

Несоодветни контроли при препишување и издавање лекови, пропусти при исплата на надоместоците за породилно отсуство, сомнеж во финасиските извештаи - ова се само дел од забелешките на ревизорите.

ПЦР тест Коронавирус
Зошто 20 милиони евра се прелеале во приватното здравство за ПЦР тестови?Фотографија: Petr Stojanovski/DW

За три години од македонските граѓани во приватното здравство се прелеале најмалку 19,9 милиони евра, само за ПЦР тестови за време на ковид-пандемијата, се наведува во ревизорскиот извештај за работењето на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО). Според објавените податоци од Институтот за јавно здравје, од почетокот на пандемијата на ниво на држава извршени се вкупно 1.962.489 тестови во 33 приватни и јавни лаборатории, од кои 1.337.238 се ПЦР тестови, а остатокот се брзи антигенски тестови. 

Државниот завод за ревизија наведува бројни забелешки, системски слабости и пропусти во работењето на оваа државна институција во 2021 година. Несоодветно спроведени контроли при процесот на препишување и издавање лекови, пропусти при исплата на надоместоците за породилно отсуство, но и нереално прикажана состојба во дел од финансиските извештаи се само дел од пропустите коишто ги утврдиле ревизорите.  

Клучни слабости 

Клучните системски слабости се дека не е ажурирана Листа на лекови кои паѓаат на товар на Фондот, како неодржливост на 106 од вкупно 116 јавни здравствени установи поради реализирани помалку услуги за договорените пари.

Ревизорот изразува резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2021 година. Исто така утврдени се слабости во спроведувањето на интерните и теренските контроли при потврдувањето на објективноста на фактурираната услуга. Ревизорите увиделе и слабости во контролите при препишување и издавање лекови.

Државниот ревизор утврдил пропусти и во постапката во која осигурените лица се упатуваат на лекување во странство, при што во целост не се обезбедила соодветна правна заштита на барателите, а не бил воспоставен ниту систем за контрола на успешноста на лечењето во странство. Неправилности во работењето на ФЗО за 2021 година се утврдени и во исплатата на надоместоци за породилно отсуство, при што тие се исплаќале и во случај кога осигурениците добивале плата за ефективни часови на работа.

Ревизорите препорачуваат дека е потребно во ФЗО да се воспостави систем на планирање, следење и контрола на извршените здравствени услуги и издадени рецепти, како и контрола кај условениот надоместок за болниците и клиниките.  

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми