1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пензискиот фонд полн со слабости, грешки и проблеми

ДТЗ
28 март 2023

Ревизорите укажуваат дека има слабости во чувањето и архивирањето на податоците во матичната евиденција во пензискиот фонд. „Висат“ и нераспределени средства кои не можат да се искористат за пензии

пензионер
Фалат документи во евиденцијата на ПИОМ, пензии од починати не се враќаатФотографија: Aleksandar Manasiev

Слабости во чувањето и архивирањето на податоците во матичната евиденција, слабости при реализацијата на дел од јавните набавки, отсуство на поделбата на надлежностите и одговорностите на вработените во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување поради недостиг на кадар, се само дел од слабостите коишто ги утврдил Државниот завод за ревизија, којшто ги разгледувал финансиските извештаи за 2021 година. Дефицитот во ПИОМ расте, поради што ревизорите посочуваат дека зголемените приходи не се доволни за покривање на дефицитот за исплата на социјални бенефиции во 2021 година, кои се издвојуваат од буџетот и учествуваат со 37,5% од вкупните приходи на Фондот. Иако бројните слабости биле утврдени и во претходните ревизорски извештаи, дел од нив досега не се надминати. Ревизијата е извршена во периодот од 18.07.2021 до 11.11.2021 година. 

Слабости 

Поради отсуство на целосна поделба на надлежностите и одговорностите на вработените и поради тоа што внатрешните контроли не секогаш го покриваат ризикот од комплетност на документацијата во електронското пензиско досие, постои ризик од неправилности во постапката за признавање на правата од пензиското и инвалидско осигурување, како и ризик од исплата на пензија и по истекот на законски утврденото право. 

Ревизорот препорачува да се обезбеди комплетност на документацијата во електронските пензиски досиеја за остварување на правата од ПИО и усвојување на изработените процедури и нивна примена во тековното работење на сите филијали на Фондот. 

Ревизијата утврдила и дека слабостите во чувањето и архивирањето на податоците во матичната евиденција го оневозможуваат потврдувањето на веродостојноста и целосноста на регистрираните податоци, потребни за остварување на правата од пензиското и инвалидско осигурување. 

Поради недобиени соодветни податоци за вработување и регистрација на обврзниците, како и грешки при внесот од страна на други институции, на уплатната сметка наменета за прибирање средства од наплатен придонес за пензиско осигурување има нераспоредени средства кои Фондот не може да ги користи, а осигурениците не можат да ги остварат правата. 

„Висат“ нераспределени средства кои не можат да се искористат за пензииФотографија: DW/P. Stojanovski

Нераспределени средства 

На уплатната сметка на Фондот на крајот на 2021 година има нераспределени средства во износ од 156.102 илјади денари (од кои дел во износ од 90.971 илјади денари се салдо од претходни години) кои Фондот не може да ги користи за исплата на пензии, а осигурениците немаат можност да ги остварат правата од пензиското осигурување, наведуваат ревизорите. 

Со воведување на интегрираната наплата преку УЈП од 2009 година износот на нераспределените средства се зголемува во континуитет. Нераспределените средства произлегуваат од неконзистентни (неалоцирани и неидентификувани) износи на уплатен придонес, кои не се распоредуваат автоматски поради одредени несовпаѓања. Неалоцирани уплати најчесто настануваат при уплата на придонес за работа со скратено работно време и времено ангажирани лица, за кои Фондот нема добиено соодветни пријави/одјави за вработување и регистрација на обврзник, а неидентификувани уплати како резултат на поднесени месечни пресметки за плата со неточни податоци или со променети матични односно даночни броеви или пак при делумно или погрешно уплатени средства од страна на обврзниците.  

Фалат средства од починати пензионери 

По увидот во деловните книги, ревизорите утврдиле дека по основ на штети за исплатени пензии на починати корисници, времени пензии, семејни пензии или друг вид на неосновани исплати на пензии, во сметководствената евиденција на Фондот има побарувања од граѓани во вкупен износ од 223.753 илјади денари. Од нив, сомнителни и спорни се побарувања во износ од 160.337 илјади денари што претставува намалување од 2,1% во однос на 2020 година кога вкупниот износ на побарувања по овој основ изнесувал 228.470 илјада денари. Тоа претставува недоволен степен на наплата на овие побарувања и покрај континуираното креирање на предмети за штети од граѓани.

Искажани се побарувања по основ претплата на пензии во износ од 6.907 илјади денари, кои произлегуваат од 2012 година и се однесуваат на дозначени пензии до банките, за кои не е извршен поврат на средствата од трансакциските сметки на починати корисници. Фондот доставил писмени барања до банките во 2012 и 2013 година за поврат на средствата, но поради нивно непостапување, податоците ги доставил и до Управата за финансиска полиција. До денот на ревизијата, Фондот нема информации за преземени активности од страна на Управата и оваа состојба останува неразрешена подолг временски период.  

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми