1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нема државна помош за спортисти кои рекламираат казина

ДТЗ
30 август 2024

Во последно време сѐ поголем бројот спортисти и спортски легенди рекламираат казина и обложувалници. Министерот за спорт, Борко Ристовски вели дека тоа е недостојно

Борко Ристовски
Министерот за спорт на РСМ, Борко РистовскиФотографија: Petr Stojanovski/DW

Спортистите коишто рекламираат казина и обложувалници би можеле да останат без помош од државата. Ова го најавува министерот за спорт Борко Ристовски. Во последно време сѐ поголем бројот спортисти и спортски легенди рекламираат казина и обложувалници. Тој во интервју за „Республика“ вели дека е недостојно спортски легенди да рекламираат казина и обложувалници и најави одземање на државната помош за нив.

Повеќепати од доаѓањето на функцијата Ристовски најавува воведување ред, односно систем на вредност и начин на однесување на спортските функционери и на спортистите. 

„Се однесува и на рекламирањето на обложувалници, се однесува и на недостојно однесување, генерално, на сите претседатели коишто се однесуваат така, на нивното работно место и надвор од него. Мора да создадеме градација, да кажеме дека дотука е доволно, а на сите оние коишто добиваат државна помош и притоа рекламираат казина и обложувалници да им биде прекината помошта што ја земаат од државата, затоа што мислам дека е недостојно за кој било спортист да рекламира спортски обложувалници“, вели Ристовски. 

Нова програма за субвенционирање 

Тој најавува дека ќе се врати спортот каде што му е местото во македонското општество. Тој на прес-конференција во петокот (30.08) најави нова програма за субвенционирање врвен спорт, која ќе ги опфати сите спортски федерации и клубови кои се натпреваруваат во Европа. Финансиските средства за таканаречениот ваучер систем се обезбедени преку државниот буџет. Следната недела ќе објават повик за финансирање врвен спорт, на кој ќе можат да се пријават сите федерации или екипи кои се натпреваруваат во Европа, за што биле предвидени околу 85 милиони денари.

Според Национална стратегија за спорт најголем дел во финансирањето ќе ги носат четири федерации, кои и носат најголеми успеси на Македонија. Две недели по добивањето на средствата за врвен спорт, информира дека ќе следува и финансиска помош од државата која се нарекуваше ваучерски систем, но сега ќе се нарекува поинаку.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми