1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиГерманија

Рјабков најави руски одговор на изјавата на САД и Германија

ЕМФ | агенции
11 јули 2024

Русија ќе развие воен одговор на планираното американско распоредување на ракети со долг дострел во Германија, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков
Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј РјабковФотографија: Eloi Rouyer/AFP/Getty Images

Одлуката за распоредување ракети со долг дострел во Германија има за цел да ѝ наштети на безбедноста на Русија, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, а пренесуваат руските медиуми. Рјабков вели дека Русија ќе развие воен одговор на распоредувањето ракети во Германија.

Со цел за одвраќање на Русија, САД сакаат од 2026 година повторно да стационираат оружје со долг дострел во Германија. Распоредувањето првично би требало да биде да биде „привремено“, а подоцна ќе стане „трајно“, се вели во заедничката изјава на САД и Германија, објавена вчера (10.07) на маргините на самитот на НАТО во Вашингтон. Во иднина, тука ќе бидат вклучени и ракетите Томахавк и хиперсонично оружје, кое сè уште се развива. 

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус на планираното стационирање американски ракети со долг дострел во Германија гледа како мисија за Германија и самата да инвестира во таков вид оружје.

Со оглед на тоа што оружјето со долг дострел „доаѓа во Германија само на ротациона основа“, ова е „јасно поврзано со очекувањата на САД ние самите да инвестираме во развојот и набавката на такво оружје“, рече Писториус денеска за радиото Дојчландфунк.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми