1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Рјабков: Подготвеност за „нормализација“ на односите со САД

ЕМФ / ртр
18 декември 2024

Русија е подготвена да ги разгледа сите предлози од САД за враќање на меѓусебните односи во „нормалност“, изјавил рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Сергеј Рјабков., руски заменик-министер за надворешни работи
Сергеј Рјабков., руски заменик-министер за надворешни работи Фотографија: picture alliance / Alexander Shcherbak/TASS/dpa

Русија е подготвена да ги разгледа сите предлози од САД за враќање на меѓусебните односи во „нормалност“, го цитира руската државна агенција ТАС рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Според Рјабков, Москва сè уште не добила одговор од Вашингтон на нејзиното барање за одобрување на новиот руски амбасадор во САД. Во ноември, руски „Комерсант“ напиша дека Александар Дарчиев, моментално шеф на северноамериканскиот оддел во Министерството за надворешни работи во Москва, најверојатно ќе биде именуван за нов амбасадор на Русија во САД.

Oдносите на Русија со Соединетите Држави се на најниско ниво по Студената војна откако почна руската инвазија на Украина во 2022 година. Администрацијата на претседателот Џо Бајден воведе санкции за стотици фирм и лица поради поддршка на руските воени напори. Доаѓањето на Доналд Трамп во Белата куќа од дел од руската јавност и политика се гледа со внимателен оптимизам, но има и такви кои сметаат дека тоа ќе промени малку.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми