1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиСловачка

Роберт Фицо предизвика револт со посетата на Москва

СН/агенции
23 декември 2024

Словачкиот премиер Роберт Фицо не може да се помири со крајот на транзитот на руски гас преку Украина. По неуспешниот обид во ЕУ, тој отпатува за Москва и разговараше со Путин за продолжување на испораката на гас.

Russland Moskau 2024 | Slowakischer Premier Fico trifft Präsident Putin im Kreml
Фотографија: Artyom Geodakyan/TASS/IMAGO

Шефот на словачката влада беше во ненадејна посета на рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ и сега Роберт Фицо добива остри критики од неговата земја, која граничи со Украина. Опозициските политичари го обвинуваат за предавство на Словачка. Според двете страни, со Путин разговарале, меѓу другото, и за испораката на руски природен гас во земјата. Тие ќе бидат укинати бидејќи Украина повеќе не дозволува транзит низ нејзина територија.

„Премиерот би требало да разговара за транзитот на гас за Словачка во Киев“, рече Михал Симецка, претседател на најголемата опозициска партија, за новинската агенција ТАСР. Посетата на Фицо беше „лажлив театар за неговите гласачи“, рече лидерот на либералната Прогресивна Словачка. Фицо ги води Словаците „чекор по чекор од Европа“ рече Бранислав Гролинг, шеф на помалку либералната опозициска партија Слобода и солидарност, и уште поостро ја формулираше својата критика. „Роберт Фицо е срам за Словачка, тој не зборува во име на целиот словачки народ“, нагласи Гролинг.

Во деновите пред средбата со Путин, Фицо залудно се обидуваше, меѓу другото на самитот на ЕУ во Брисел, да го спречи прекинот на транзит на руски гас за Словачка кој го најави Украина. Тој нагласи дека на неговата земја ѝ се заканува сериозна криза бидејќи е целосно зависна од рускиот гас и има малку алтернативи. На неодамнешниот самит на ЕУ, имаше размена на зборови меѓу Фицо и украинскиот претседател Володимир Зеленски, што и двајцата политичари го потврдија. Зеленски рече дека додека Словачка има само економски проблеми, а луѓето во неговата земја умираат секој ден.

Фотографија: Artyom Geodakyan/TASS/IMAGO

Во меѓувреме, Фицо објави изјава на Фејсбук за неговата посета на Москва. Тој се занимава со суверена политика и за своето патување ги информирал највисоките претставници на ЕУ во петокот. Тој напиша и дека реагира на најавеното запирање на транзитот на гас и барањето на Зеленски за санкции против руската нуклеарна програма, со што Киев го загрозува и производството на електрична енергија во словачките електрани. Тој разговарал со Путин и за воената ситуација во Украина и за можноста за предвремен мирен крај на војната.

Посетата на Фицо беше прва посета на официјален претставник на Словачка по руската инвазија на Украина пред речиси три години. За разлика од нејзиниот сосед Унгарија, Словачка без исклучок ја поддржа сета помош за Украина за која одлучи ЕУ, како и сите санкции насочени против Русија. Меѓутоа, левичарскиот популист Фицо повеќепати привлече внимание со своите јавни критики за политиката на ЕУ и на НАТО во Украина.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми