1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Роберта Мецола останува претседателка на Европарламентот

ЖА
16 јули 2024

Малтешката политичарка Роберта Мецола е реизбрана за претседателка на Европскиот парламент со големо мнозинство гласови. Такво нешто досега му успеа само на германскиот политичар Шулц.

Роберта Мецола останува претседателка на Европарламентот
Роберта Мецола останува претседателка на ЕвропарламентотФотографија: European Union

Демохристијанката од Малта од центристичко-десниот центар, Европската народна партија, Роберта Мецола е потврдена на челната позиција на Европскиот парламент. На првата седница по  европските избори,  европратениците во Стразбур ѝ дадоа доверба на Мецола уште во првиот круг на гласање со 562 од 720 гласови. Мецола на функцијата е од јануари 2022 година кога беше избрана да го наследи  Италијанецот Давид Сасоли,  кој почина на 65-годишна возраст непосредно пред крајот на неговиот редовен мандат. Таа е втора политичарка по германскиот социјалдемократ Мартин Шулц која е реизбрана на  високата позиција.  Мецола е член на  Европскиот парламент  од 2013 година. Во соопштение, ЕНП ја пофали 45-годишната политичарка како „лице на европската демократија“.

Што работи Европскиот парламент?

01:11

This browser does not support the video element.

„Сакам да придонесам за затворање на јазот меѓу очекувањата на луѓето во Европа и она што ние можеме да го постигнеме“, изјави Мецола по изборот. Таа најави заложба за „силен парламент кој ќе ги форсира законите кои ги сакаат и кои им требаат на нашите граѓани“.

Нешто слично таа најави и на почетокот на нејзиниот мандат како претседателка на ЕП, уверувајќи дека сака да им ја врати на граѓаните „верата и ентузијазмот за нашиот проект“ Европа. Национализмот, авторитарните режими и изолацијата се „лажни илузии кои не нудат решенија“, истакна таа. По европските избори во јуни, таа го повтори овој став и предупреди на зголемен пораст на противниците на ЕУ. „Одговорноста е кај нас. Ако не испорачаме, тогаш оние што сакаат да ја уништат Европа само ќе растат“, рече Мецола пред неколку дена.

Единствена противкандидатка на Мецола беше Шпанката Ирене Монтеро од пратеничката група на Левицата, која доби 61 глас.

Претседателот на Европскиот парламент  претседава со пленарните седници и ги прима шефовите на држави и влади во Европарламентот.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми