1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Рубио сака да разговара со Данска за Гренланд

СН/агенции | АРД
8 јануари 2026

Изјавите на САД за Гренланд предизвикуваат голема загриженост во Европа. Државниот секретар Рубио сега бара директен контакт со Данска. Разговори се закажани за следната недела.

Американскиот министер за надворешни работи Марко Рубио говоеи на прес-конференција
Американскиот министер за надворешни работи Марко Рубио најави средба со данските претставници следната недела на која траба да се разговара за ГренландФотографија: Julia Demaree Nikhinson/AP Photo/picture alliance

Кои се плановите на САД за Гренланд? Изјавите на претседателот Доналд Трамп предизвикаа значителна неизвесност и тензија, не само во Европа. Дури и синоќа (7 јануари, 2026), портпаролката на Белата куќа не ја исклучи експлицитно можноста за воена интервенција на САД во прашањето за Гренланд.

Американскиот државен секретар Марко Рубио од друга страна најави средба со данските претставници следната недела на која траба да се разговара за Гренланд. Тој одби да даде коментар на новинарите кога беше прашан дали ова значи дека воената акција е исклучена. Точната локација и датумот на состанокот сè уште не се познати.

Состанок за „нормализација“ на односите

Претходно, Данска и Гренланд побараа средба со државниот секретар на САД. Гренландскиот премиер Јенс-Фредерик Нилсен изјави дека е презаситен од комуникацијата со САД што се одвива преку медиумите.„Секако дека ќе учествуваме. Ние сме тие што побаравме состанок“, изјави Вивијан Моцфелд, министерка за надворешни работи на данскиот автономен регион, за данскиот јавен радиодифизен сервис ДР. Таа се надева дека состанокот ќе доведе до „нормализација“ на односите со САД. 

Кој го поседува Гренланд?

00:57

This browser does not support the video element.

Поранешниот дански министер за надворешни работи и сегашен европратеник Вили Совндал верува дека се неопходни мерки за одвраќање против САД за да се заштити Гренланд. „Мора да ги одвраќаме САД“, рече тој во интервју за германскиот неделник Шпигел . „Ние Европејците мора да им дадеме до знаење на Американците колку висока цена ќе мора да платат ако го спроведат ова лудило. Доколку САД воено го окупираат Гренланд, тоа би бил крај на НАТО и трансатлантското партнерство“, додаде Совндал.

Трамп: „Сите земји членки на НАТО се мои пријатели“

Трамп, исто така, коментираше за дискусијата за иднината на НАТО. На неговата социјална мрежа Трут соушл тој porača: „Ние секогаш ќе бидеме тука за НАТО, дури и кога тој не е тука за нас“. Земјите членки на НАТО се „сите мои пријатели“, додаде американскиот претседател.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми