1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаГрузија

Русија е загрижена поради „провокациите“ во Грузија

ЕМФ | агенции
10 март 2023

Русија, според зборовите на портпаролот на Кремљ Дмитри Песков, „со загриженост“ ја следи ситуацијата во Грузија. Москва ги обвинува САД за поттикнување антируски чувства.

Демонстрант држи грузиско и украинско знаме на протестите против законот за странски агенти во Тбилиси (9.03.2023)
Демонстрант држи грузиско и украинско знаме на протестите против законот за странски агенти во Тбилиси (9.03.2023)Фотографија: Zurab Tsertsvadze/AP Photo/picture alliance

Кремљ ги обвини САД за поттикнување антируски чувства кај илјадниците демонстранти кои неделава излегоа на протести на улиците на Грузија. „Гледаме од каде претседателката на Грузија му се обраќа на народот. Таа не се обраќа од Грузија, туку има обраќање од Америка“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков пред новинарите, обвинувајќи „нечија невидлива рака“ за поттикнување „антируско“ расположение. Според Песков, Москва „со загриженост“ ја следи ситуацијата.

Песков зборува за „невидлива рака“ која потткнува антируско расположениеФотографија: Sergei Savostyanov/TASS/dpa/picture alliance

Грузискиот парламент денеска (10.03) го повлече планираниот закон со кој странските медиуми и организации требаше да се означуваат како „агенти“. Најава за повлекување на законот дојде вчера, од страна на владеачката партија Грузиски сон. Против законот, во второ читање, денеска гласаа 35 пратеници, а „за“ беше само еден. Голем број пратеници кои пред само неколку дена гласаа за законот во прво читање, сега не присуствуваа на седницата.

Протести против законот за странски агенти во Грузија (9.03.2023)Фотографија: Zurab Tsertsvadze/AP Photo/picture alliance

Законот потсетува на сличен таков закон во Русија, со кој многу независни медиуми, но и невладини организации, беа означени како „странски агенти“. Регулативата беше критикувана на меѓународно ниво како политички мотивирана мерка која има за цел да ги стигматизира и замолчи критичарите. Кремљ презема масовни акции против дисидентите во земјата особено по почетокот на руската инвазија на Украина.

Против планираниот закон за странски агенти во Грузија со денови има демонстрации, меѓу другото и денеска. Додека во пратениците гласаа за законот, пред парламентот имаше нов собир на проевропските демонстранти.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми