1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Русија ги поддржува Србите во конфликтот со Косово

афп | ЕМФ
28 декември 2022

Русија ѝ вети своја поддршка на Србија во конфликтот со Косово. Кремљ, како што се вели, внимателно следи што се случува на Косово.

Дмитри Песков, портпарол на Кремљ
Дмитри Песков, портпарол на КремљФотографија: picture-alliance/M.Metzel

„Како сојузници со Србија имаме многу блиски односи, историски и духовни. Го поддржуваме Белград во сите мерки кои се преземаат“, изјави денеска (28.12) портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков. Русија, според него, многу внимателно следи што се случува на Косово и „како се почитуваат правата на Србите таму“.

Песков вели дека е „природно Србија да ги брани правата на Србите кои во соседството живеат под толку тешки услови и да реагира неумоливо кога се повредуваат нивните права“. Србијае „суверена земја“ и е „генерално погрешно тука да се бара некакво деструктивно влијание на Русија“, изјави Песков.

Косово денеска го затвори најголемиот граничен премин кон Србија, Мердаре, како реакција на поставувањето блокади на патиштатана српската страна. „Илегалната блокада“, според косовската полиција, „го спречи слободниот проток на лица и стоки“, поради што граѓаните на Косово се повикани „да ги користат другите гранични премини“. Освен тоа, владата во Приштина ги повика мировните трупи на НАТО да пружат поддршка при отстранување на блокадите на косовска страна.

Косово го затвори граничниот премин МердареФотографија: Visar Kryeziu/AP/picture alliance

Вчеравечер демонстранти на српската страна на границата со камиони и трактори на патот го спречија сообраќајот кон Мердаре. Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ денеска изјави дека Белград е подготвен на наоѓање заеднички јазик во конфликтот, но не наведе други детали. Тој уличните блокади ги нарече „демократско и мирно“ средство за протестирање.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми