1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Неизвесна судбината на киднапираниот шеф на АЦ Запорожје

ЖА / агенции
1 октомври 2022

Украина ги обвини руските трупи за киднапирање на Игор Мурашов, шефот на атомската централа Запорожје, окупирана од руската војска.

Ukraine Atomkraftwerk Saporischschja
Фотографија: Sergei Malgavko/TASS/picture alliance

Претседателот на операторот Енергоатом, Петро Котин, денеска ја соопшти информацијата за грабнувањето на Игор Мурашов. Генералниот директор на најголемата европска атомска централа вчера бил запрен на улица од страна на руска патрола во близина на нуклеарката, бил извлечен насилно од автомобилот и со врзани очи однесен на непознато место. Русија досега не понуди објаснување за инцидентот. Руската војска ја држи окупирана атомската централа од почетокот на март.

„Немаме сознанија за судбината на Мурашев“, објави Котин на Телеграм, обвинувајќи ја Русија за нуклеарен тероризам против раководството и соработниците на АЦ Запорожје. Мурашов, кој ја носи главната одговорност за сигурно функционирање на постројката, мора итно да биде ослободен, со ваков апел Котин се обрати и до шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси, повикувајќи го да посредува.

МААЕ утрово оопшти дека ги контактирала руските власти и побарала објаснување.  Атомската централа Запорожје п остојано е мета на гранатирање, и украинските власти и руските окупатори во повеќе наврати предупредуваат на  опасноста од евентуален нуклеарен инцидент  со масивни последици за цела Европа. МААЕ се залага за итно продолжување на преговори околу формирање зона на прекин на огнот околу АЦ Запорожје.  Рускиот државен атомски концерн Росатом, кој за контролира централата заедно со руските воени единици, според извори од неговиот менаџмент, е спремен да преговара околу технички аспекти за воспоставување безбедносна зона.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми