1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Русија: Борби со про-украински групи во регионот Курск

ЖА
14 март 2024

Во регионот Курск, близу украинската граница, и денеска се воделе борби меѓу руската војска и про-украински групи, чиј обид за упад е одбиен. Во Белгород има една жртва во украински напад со дрон.

Легионот „Слобода за Русија“
Легионот „Слобода за Русија“Фотографија: Sergey Bobok/AFP

Руската национална гарда на онлајн платформата Телеграм тврди дека го одбила нападот на вооружени групи од украинска страна. Единици на Националната гарда биле „вклучени во одбивањето на нападот (...) во близина на местото Тјоткино во регионот Курск“, се вели во соопштението.

Во вторникот борци од три различни милиции од Украина јавија за успешен пробив во Русија и напад на руско погранично село. Вооружената милиција „Руски доброволен корпус“, како и групите „Слобода за Русија“ и „Сибирски баталјон“ се составени првенствено од доброволни руски борци, противници на власта во Кремљ.

Според наводи на руското Министерство за одбрана, сите напади се одбиени. Во средата борците од украинска страна го предупредија локалното население во граничниот регион од натамошни напади, повикувајќи на евакуација од Курск, Белгород и Брјанск.

Рускиот претседател Владимир Путин нападите ги оцени како обид за попречување на претстојните избори во Русија. Од петок до недела во Русија се одржуваат претседателски избори, а кои се очекува Путин да обезбеди уште еден мандат.

Градот Белгород  пак повторно бил цел на  украински напади со дронови,  во кои имало и една жртва. Жена која се наоѓала зад воланот на својот автомобил загинала по експлозија, а три други лица се ранети, соопшти гувернерот на регионот, Вјачеслав Гладков преку Телеграм. Градков претходно јави за еден загинат во ноќешните напади.

Руското Министерство за одбрана ноќеска регистрирало 14 украински напади со дронови, од кои единаесет над регионот на Белгород и три над регионот Курск.

Украина од летоска ги интензивираше  нападите со беспилотни летала против Русија.  Во средата во акција биле  десетици дронови   во руски региони,  кои во визир ги имале во преден план локациите на енергетската инфраструктура. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми