1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаРусија

Русија му подига споменик на „покојниот диктатор“ Милошевиќ?

Обработка: | Дијана Рошчиќ
22 мај 2023

„Луд план: Русија сака да подигне споменик на воен злосторник во Москва“, пишува таблоидот Берлинер курир за идејата да се подигне споменик на Слободан Милошевиќ во главниот град на Русија.

Слободан Милошевиќ (архивска фотографија)
Слободан Милошевиќ (архивска фотографија)Фотографија: Milos Bicanski/dpa/picture-alliance

„Слободан Милошевиќ беше претседател на Југославија сѐ додека не беше соборен од револуцијата во 2000 година. Тој беше одговорен за десетици воени злосторства извршени од српските трупи во Хрватска, Босна и Косово. Тој на совест имаше десетици илјади луѓе, но за некои Срби е херој“, пишува Берлинер курир (БК) и продолжува:

„Очигледно, тоа е добра причина за Русија да му подигне споменик на овој покоен диктатор во Москва. Се наведува дека тој бил борец против НАТО“.

Овој германски весник се повикува на рускиот весник „Московски комсомолец“, кој пак се повикува на политикологот Марат Баширов, дека „постои план да се подигне споменик на овој наводен воен злосторник - среде Москва. Споменикот висок два метра треба да биде поставен на плоштадот Европа во руската престолнина.“

Според БК, „бронзената скулптура не е од Србија, но е дело на белградскиот скулптор Драган Раденовиќ. Наскоро ќе биде префрлена во Москва. Во татковината на покојниот диктатор веќе имаше иницијатива да се подигне споменик на Милошевиќ. Но, откако следеше силен протест, идејата не беше реализирана“.

Берлинер курир натаму пишува дека „пријателите на диктаторот често сѐ уште тврдат дека Милошевиќ бил убиен во Хаг. Во Русија, во времето на руска агресија против Украина и замислената војна против НАТО, теориите на заговор наоѓаат плодна почва“.

Во продолжение следува цитат од политикологот Марат Баширов од Москва: „Милошевиќ беше првата жртва на злосторничкото НАТО. Веројатно погрешно ги проценивме настаните кога силите на НАТО ја бомбардираа Југославија помеѓу 24 март и 10 јуни 1999 година, Русија требаше подобро да го брани Милошевиќ“.

„Во 2001 година, српската влада на премиерот Зоран Ѓинѓиќ го уапси Слободан Милошевиќ и го предаде на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија. Ѓинѓиќ е убиен во атентат во 2003 година“, пишува БК.

Доказите против Милошевиќ на судењето во Хаг беа убедливи, пишува БК: „Тој се смета за соодговорен за тешки воени злосторства, вклучувајќи го масакрот во Сребреница над Бошњаците, масакрот во Вуковар над Хрватите, протерувањето на 800.000 Косовци, 170.000 Хрвати и илјадници други жртви“.

„Единствената причина поради која Милошевиќ не беше осуден е тоа што почина од срцев удар пред да биде донесена пресудата“, заклучува Берлинер курир.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми