1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Русија најавува интензивирање на нападите врз Украина

ЖА
23 април 2024

Москва смета дека и натаму е во предност и планира засилување на нападите врз Украина. Рускиот министер за одбрана Шојгу тврди дека Украина загубила половина милион војници.

Последица од фруски ракетен напад во Чернихив, Украина
Последица од фруски ракетен напад во Чернихив, УкраинаФотографија: Valentyn Ogirenko/REUTERS

По најавата за нова американска воена помош за Украина, Русија најави уште позасилени напади врз соседот врз кого што изврши инвазија пред повеќе од две години.

„Ќе го зголемиме интензитетот на ударите против логистички центри и складишта со западно оружје“, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на денешен состанок на воениот врв.

Западни воени аналитичари со денови предупредуваат дека испраќањето и стигнувањето на ново оружје  и муниција за Украина може да се искористи за интензивирање на нападите.  По Претставничкиот дом, за пакетот од 61 милијарда долари треба да даде согласност и Сенатот на САД, по што би ја одобрил претседателот Џо Бајден.

Иако Москва при ракетирањето најчесто уништува цивилна инфраструктура, руското воено раководство тврди дека во визирот има само воени цели. Руската борбена авијација ги бомбардира првенствено енергетските објекти во Украина. Шојгу тврди дека руската армија ги има цврсто во свои раце уздите на фронтот, дека  украинските трупи  се потиснувани и  контраофанзивата на Киев е неуспешна.

„Од почетокот на специјалната воена операција  загубите на украинската војска  изнесуваат речиси половина милион војници“, тврди Шојгу.

Наспроти тоа, украинскиот претседател Володимир Зеленски на крајот на февруари објави бројка од  31.000 загинати украински војници.  Западни воени експерти проценуваат дека загубите – убиени или тешко ранети – на двете страни изнесуваат по преку 100.000 војници.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми