1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ТероризамГерманија

Германија:Русија негира поврзаност со осомничените терористи

СН/агенции
7 декември 2022

По денешното апсење на десничарски екстремисти во Германија, осомничени за планирање пуч, истражителите ги испитуваат и можните врските со Русија. Најнапред руската амбасада во Берлин а потоа и Кремљ го демантираа ова.

Германски полицајци изелгуваат од домот на еден од осомничените терористи во Франфурт на Мајна по утринската координирана акција
Германски полицајци изелгуваат од домот на еден од осомничените терористи во Франфурт на Мајна по утринската координирана акцијаФотографија: Boris Roessler/picture alliance/dpa

Официјален Кремљ денеска отфрли каква било вклученост на Русија во наводниот план за државен удар во Германија, за кој се осомничени група од 50-тина десничарски екстремисти, кои денеска беа уапсени во голема рација спроведена ширум Германија.

„Ова изгледа како внатрешен проблем на Германија“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, „Не може да стане никаков збор за руска вмешаност“, коментираше Песков на денешната пресконференција.

Германските обвинители инаку соопштија дека еден од обвинетите се обратил до претставници на Русија, која групата ја сметала за нејзин централен контакт за воспоставувањето на новиот поредок во земјата. Тие рекоа дека нема докази дека руските претставници позитивно одговориле на барањето.

Пред реакцијата на Кремљ и руската амбасада во Берлин соопшти дека нема и немала никакви контакти со „терористички“ и „илегални“ организации во земјата.

Седиштето на руската амбасада во БерлинФотографија: Gabriele Thielmann/imageBROKER/picture alliance

„Руските дипломатско-конзуларни установи во Германија немаат контакт со претставниците на терористички групи или кои било други илегални формации“, соопшти амбасадата.

Германското обвинителство денеска порано соопшти оти во голема операција на полицијата ширум Германија се уапсени 25 припадници на екстремната десница кои планирале напад на долниот дом во парламентот, Бундестагот, соопшти обвинителството.

Во разбивање на мрежата на есктремно десничарските и групите кои шират теории на заговор, уапсени се лица блиски до движењето „Граѓани на Рајхот“, кои се осомничени дека подготвувале насилно влегување во Бундестагот со група вооружени луѓе.

Покрај 25 уапсени, цел на истрагата се уште 27 лица за кои се сомнева оти припаѓаат на криминалната група, наведе обвинителството.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми