1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ТероризамРусија

Русија призна: ИД стои зад терористичкиот напад во Москва

СН/агенции
24 мај 2024

Русија денеска за првпат јавно соопшти дека Исламската држава го координирала смртоносниот напад во концертната сала во Москва во март годинава, но и натаму инсистира на инволвираност на Украина во злосторството.

Мартовскиот напад врз концертната сала Крокус сити хол беше најсмртоносниот терористички напад во Русија  во последните две децении.
Мартовскиот напад врз концертната сала Крокус сити хол беше најсмртоносниот терористички напад во Русија во последните две децении.Фотографија: Maxim Shemetov/REUTERS

Украинското воено разузнавање беше директно вклучено во смртоносниот напад на концертна сала Крокус сити хол во близина на Москва во кој беа убиени над 140 луѓе, изјави шефот на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) Александар Бортников, пренесоа денеска руските новински агенции

„Истрагата е во тек, но веќе може слободно да се каже дека украинското воено разузнавање е директно вклучено во овој напад“, изјави Бортников. Украина постојано негира дека има некаква врска со нападот.

Бортников, исто така, ја обвини воената алијанса на НАТО дека го олеснува трансферот на „платеници и милитанти од меѓународните терористички организации од Блискиот Исток, Северна Африка и од Авганистан“ во Украина за да можат да се борат против руските сили таму.

По нападот во Крокус Сити Хол избувна и пожар кој речиси целосно ја уништи концертната салаФотографија: Maxim Shemetov/REUTERS

Шефот на ФСБ меѓутоа уште изјави дека Исламската држава-Хорасан (ИД-Х) одиграла улога во координирањето на акциите на напаѓачите, што е прво јавно признание на властите во Русија дека ИД стои зад најсмртоносниот терористички напад во земјата во последните две децении.

„Во текот на истрагата... беше утврдено дека подготовките, финансирањето, нападот и повлекувањето на терористите биле координирани преку интернет од страна на припадници на провинцијата Хорасан (ИД-Х)“, изјави Бортников.

Исламска држава ја презеде одговорноста за масакрот во концертната сала во март, а американските власти рекоа дека располагаат со разузнавачки информации кои покажуваат дека тој бил извршен од авганистанскиот огранок на мрежата, Исламска држава-Корасан.

 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми