1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зошто илјадници украински деца се однесени во Русија?

Олександр Куницки
6 април 2023

Зошто Русија киднапира украински деца и како некои од нив се вратија на украинска територија? За тоа во интервју за Дојче веле зборува ополномоштеникот на украинскиот претседател за детски прашања, Дарија Херазимчук.

Дарија Херазимчук.
Зошто Русија одзема украински деца и како некои од нив се вратија на украинска територија? Фотографија: Office of the representative of the President of Ukraine on children's rights

Од почетокот на инвазијата, руската армија однела илјадници деца од Украина во Русија. Дарија Херазимчук, претставничката на украинскиот претседател за детски прашања, во интервју за ДВ зборува за одговорните за тоа, за сценаријата што Русија ги спроведува и како овие деца можат да се вратат во украинските области под контрола на Киев. 

ДВ: Госпоѓо Херазимчук, Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налози за апсење против рускиот претседател Владимир Путин и руската комесарка за деца Марија Лвова-Белова поради сомневање дека киднапирале украински деца и ги депортирале во Русија. Само тие двајца се одговорни за тоа? 

Дарија Херазимчук: Многу луѓе имаат некаква врска со тоа. Особено претставници на локалните власти во различни региони на Русија кои ги примија овие деца. Сите видео докази што ги оставија руските власти ќе бидат документирани од украинското Државно правобранителство и предадени на истражителите на Меѓународниот кривичен суд. Затоа, мислам дека списокот на осомничени ќе биде уште подолг.

Налогот за апсење против Путин и Белова е историска постапка и прв чекор во признавањето на геноцидот врз украинскиот народ преку киднапирање на деца. Бидејќи, според одредбите од член 2 од Конвенцијата за спречување на геноцид од 1948 година, член 6 од Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд и член 442 од Кривичниот законик на Украина, присилното отстранување на децата од една група во друга со целта за уништување на национална, етничка или расна група, е составен дел на криминалниот геноцид. 

Преземање деца од Украина во Русија - наводна евакуацијаФотографија: Mikhail Voskresenskiy/SNA/IMAGO

Што мислите? Дали Русија киднапира деца од Украина за да ги направи Руси? 

Да, Русите сакаат да го облагородат својот народ со украински деца. Целата нивна постапка укажува дека немаат намера да ги вратат овие деца. Русија ги забрза процесите за посвојување и државјанство и им нуди на децата од Украина бесплатно образование. И повеќе од тоа, Русите ги избираат децата така што спроведуваат лекарски прегледи каде децата се класифицирани во различни категории. Тоа значи дека тие избираат само најздрави за да го облагородат својот народ со украински деца. 

Според Вас, дали е ова планирана акција на Русија или овие мерки произлегоа од ситуацијата? 

Од почетокот на инвазијата на Украина, Русија имаше јасен план  што треба да се случи со украинските деца. Неговата имплементација започна во 2014 година, по анексијата на Крим. Русите им го сменија државјанството на децата и го воспоставија таканаречениот „воз на надежта“, со кој граѓаните на Руската Федерација би можеле да одат на Крим за нелегално да посвојуваат деца. Во моментов во Русија постојат најмалку пет сценарија според кои децата се киднапирани. До овој заклучок дојдовме откако ги анализиравме патиштата на 308 деца кои успеаја да се вратат кај своите родители во украинските области под контрола на Киев. 

Кои се сценаријата за киднапирање на деца? 

Во првото сценарио, Русите ги одвојуваат децата од нивните семејства како дел од таканаречените мерки за филтрирање. Родителите се апсат без причина, а децата едноставно се одземени. Има еден случај во кој татко на три деца бил уапсен и ослободен дури по три месеци. За тоа време децата веќе беа во Русија, но успеавме да го споиме семејството.

Во второто сценарио, Русите ги убиваат родителите, а потоа им ги одземаат децата.

Во третото сценарио, децата се киднапирани директно од нивните семејства. Понекогаш тоа се случува со одземање на родителските права. Често се спроведува со „несоодветни родители“ кои не сакаат да соработуваат со окупаторските сили.

Четвртото сценарио е кога Русите не ни дозволуваат да ги извадиме децата од домовите за нега, кои се под руска окупација. Русија никогаш не била подготвена да дозволи отворање на хуманитарни коридори за да ги одведат овие деца од областа. Наместо тоа, тие се киднапирани. Од почетокот на сеопфатната инвазија, децата беа киднапирани од четири институции, но ние успеавме да ги вратиме оние од две институции.

Петтото и последно сценарио е најчесто: Русите прво создаваат лоши услови за живот на децата на окупираните територии. Потоа на родителите им се нуди да ги испратат своите деца во кампови за одмор во Руската Федерација за наводна рехабилитација. Децата, сепак, не се враќаат од тие кампови и ги носат без дозвола на родителите. Некои од децата што успеавме да ги вратиме беа во такви кампови повеќе од една година. 

Руската детска комесарка Марија Лвова-Белова беше обвинета заедно со Путин за воени злосторстваФотографија: Pavel Lisitsyn/SNA/IMAGO

Како може да се вратат децата? 

За да се најде и врати дете, мора да се знае кого да се бара. Затоа, формирана е државната платформа „Деца на војната“ , каде што можете да најдете актуелни информации и лични податоци на децата кои настрадале во Русија поради војната. Во исто време, Русите ги кријат нашите деца најдобро што можат: ги одведуваат, се обидуваат да им ги сменат имињата и.т.н. Многу е комплицирана потрагата по нив, особено за помалите деца кои не можат да се сетат од каде доаѓаат.

Исто така, многу е важно дали бараното дете има роднини во областите контролирани од Украина, кои би можеле да договорат старателство и да го изнесат детето од Русија со помош на украинската држававна помош. 

Дали имате моментални бројки за киднапираните деца? 

Сите податоци се ажурираат секое утро на платформата „Деца на војната". Во моментов, депортирани и насилно однесени се 16.226 деца. Тоа не е само бројка, туку список на имиња врз основа на изјави на родители, роднини, власти и сведоци .

Оваа информација ја проверуваат одговорните институции, а за секое дете се отвора постапка. Тоа значи дека станува збор за конкретни податоци. Но, дел од Украина е окупиран и немаме пристап до таму. Затоа, граѓаните ќе можат да кажат само кога некој е киднапиран по ослободувањето.

Можеби станува збор за стотици илјади киднапирани деца. Руските власти во медиумите зборуваат за таканаречена „евакуација“ на 744.000 деца. Оваа бројка, сепак, не е потврдена со списоци или лични податоци, па затоа ја сметаме за несигурна бројка.  

Украина: Дедото се грижи за внучето, сираче од војната

01:50

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми