1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Украина започнa еднострано примирје - по напад со жртви

СН/агенции | АРД
6 мај 2026

Од полноќ важи еднострано примирје прогласено од украинскиот претседател. Русија сака да престане со борбите дури во петок. Пред тоа, двете страни сè уште известуваа за воздушни напади. Имаше бројни жртви во Украина.

Густ чад и пламени се креваат од зграда уништена од руски воздушен напад во Запорожје
Повеќе од 20 лица загинаа во жестоките руски напади врз украински градови непосредно пред стапувањето во сила на примирјето прогласено од УкраинаФотографија: Notdienst der Ukraine

 Во војната во Украина, прекин на огнот еднострано прогласи претседателот Володимир Зеленски. Украинскиот шеф на државата го одреди почетокот од полноќ по локално време (вторник, 23:00 часот по средноевропско време). Не беше веднаш јасно дали воздушните напади и копнените борби навистина запреа. Прекинот на огнот важи на неопределено време, сè додека Русија не нападне, објасни шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Кирил Буданов. „Доколку примирјето биде почитувано од двете страни, ќе го продолжиме.“ Зеленски претходно рече дека Киев ќе одговори со иста мера доколку руската страна не се придржува.

Непосредно пред почетокот на прекинот на огнот, руските новински агенции објавија напад со беспилотни летала на полуостровот Крим - повикувајќи се на управникот, кој го постави Русија, Сергеј Аксјонов. Според руските тврдења, пет цивили се убиени во градот Џанкој. Оваа информација не може да се потврди независно во овој момент.

Москва сака примирје само за петок и сабота

Од руска страна, претседателот Владимир Путин еднострано нареди прекин на огнот само за петок и сабота, кога Русија ја одбележува победата на Советскиот Сојуз во Втората светска војна. Во текот на вторникот, според украинските тврдења, Русија продолжила со силни напади врз земјата, за време на кои беа убиени повеќе од 20 лица. Украина, според сопствените тврдења, исто така, извршила напади и погодила фабрика за оружје и голема рафинерија во Русија.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми