1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Русија се нуди како посредник во конфликтот со Иран

ЕМФ | агенции
16 јануари 2026

Русија сака да посредува во конфликтот со Иран. Што се крие зад оваа дипломатска иницијатива?

Рускиот претседател Владимир Путин со телефон в рака
Рускиот претседател Путин разговарал со израелскиот премиер Нетанјаху и понудил посредување во кризата со ИранФотографија: Kremlin Pool/Russian Look/picture alliance

Претседателот на Русија, Владимир Путин, разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и понудил посредување во кризата со Иран, соопшти Кремљ.

Путин, како што се наведува, се изјаснил за политички и дипломатски средства за да се обезбедат мир и стабилност во регионот.

Ова може да се протолкува како критика кон можен воен удар од страна на САД и Израел против Иран со цел да се поддржи протестното движење во таа земја.

„Беше потврдена подготвеноста на руската страна да продолжи со соодветни напори за посредување и да го унапреди конструктивниот дијалог на сите заинтересирани држави“, соопшти Кремљ.

Разговор и со иранскиот претседател

Русија е близок сојузник на Иран, а Москва од таму набавува и оружје за својата војна во Украина.

Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, Путин разговарал и со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан. Детали за разговорот ќе бидат соопштени дополнително, изјави Песков.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми