1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Русија се враќа кон договорот за житото

ЕМФ | агенции
2 ноември 2022

Русија повторно станува дел од договорот за жито. Москва го напушти договорот во саботата (29.10). Како причина беше наведен напад врз нејзината Црноморска флота.

Договорот за жито треба да обезбеди украинските товарни бродови безбедно да минуваат низ Црното Море на дефинирани рути
Договорот за жито треба да обезбеди украинските товарни бродови безбедно да минуваат низ Црното Море на дефинирани рутиФотографија: Martin Meissner/AP Photo/picture alliance

Русија се враќа кон договорот со Украина за житото, соопшти руското Министерство за одбрана. Од Москва се вели дека благодарение на посредувањето на Турција, Украина дала уверување дека веќе нема го користи морскиот коридор за воени дејствија против Русија. Постојат неопходни писмени гаранции на Украина дека хуманитарниот коридор и пристаништтата ќе ги користи само за извоз на прехранбени производи, нагласува официјална Москва, додавајќи дека тоа засега е доволно за да се остварува договореното.

Претходно и турската влада потврди дека Русија се враќа кон договорот за жито. Претседателот Реџеп Таип Ердоган соопшти дека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу му се јавил на неговиот турски колега Хулуси Ајар и ги информирал дека договорот за таканаречениот коридор за жито ќе се применува од среда (2.11) на ист начин како и досега. Приоритет ќе им се даде на испораките во африканските земји, вклучително и Сомалија, Џибути и Судан, рече Ердоган. Русија претходно го суспендираше договорот со образложение дека украинските беспилотни летала ја нападнале нејзината Црноморска флота.

Договорот, постигнат со посредство на Турција и ОН во јули годинава, стави крај на повеќемесечните блокади на украинскиот извоз на жито како резултат на руската инвазија на Украина. Договорот за жито треба да обезбеди украинските товарни бродови безбедно да минуваат низ Црното Морена дефинирани рути и се смета за клучен придонес за ублажување на глобалната криза со храна, предизвикана од руската агресивна војна. Координативниот центар во Истанбул до 24 октомври регистрираше премин на 383 бродови со повеќе од 8,6 милиони тони жито и друга храна. Извозот на жито има големо влијание врз глобалните цени на храната, а од него зависат особено посиромашните земји. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми