1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Може ли Западот да и заплени на Русија 300 милијарди долари?

БГ /РТР
13 февруари 2024

Русија во вторникот ги предупреди западните држави дека ќе возврати доколку САД и ЕУ и ги запленат стотиците милијарди долари кои ги чува во западните институции.

Руската централна банка
Седиштето на руската централна банка во МоскваФотографија: Mikhail Tereshchenko/TASS/dpa/picture alliance

По руската агресија врз Украина во 2022 година, САД и сојузниците забранија трансакции со руската централна банка и министерството за финансии, блокирајќи околу 300 милијарди долари суверен руски имот на Западот.

Во понеделникот ЕУ усвои закон со кој се предвидува одземање на профитите од замрзнатите средства на руската централна банка. Тоа е првиот чекор кон пренамена на руските фондови за финансирање на реконструкцијата на Украина.

„Ова е кражба; одземање на нешто што не ти припаѓа“, изјави портпаролката на руското МНР, Марија Захарова за радиото Спутник. Таа се закани дека одговорот од Москва ќе биде „екстремно остар“.
„Со оглед дека нашата земја ова го квалификува како кражба, одговорот ќе биде како кон крадци“. Русија веќе најави дека заплената на нејзиниот имот ќе предизвика реципрочни мерки и заплена на имотите на САД, ЕУ и други земји на нејзина територија. 

Портпаролката на руското МНР, Марија ЗахароваФотографија: Valery Sharifulin/TASS/dpa/picture alliance

Реконструкција од руски камати 

ЕУ и Г7 подолго време дебатираат како да ги искористат запленетите руски средства. САД бараа целосна конфискација на парите, но претставниците на ЕУ сметаат дека тоа е премногу правно ризично.

Околу две третини од руските средства се во ЕУ, а најголемиот дел се чуваат во белгиската клириншка куќа Еуроклиар (Euroclear).

ЕУ проценува дека ќе може да инвестира околу 15 милијарди евра за реконструкција на Украина од каматите на рускиот имот во следните четири години. Дополнително, ЕУ веќе издвои директна помош од 50 милијарди евра за Киев.

Украина ја поздрави одлуката на ЕУ. 

Многу западни компании и натаму се активни во Русија

01:22

This browser does not support the video element.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми