1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаРусија

Русија се заканува со откажување на договорот за житото

ЕМФ | агенции | АРД
25 април 2023

Русија се заканува со откажување на договорот за извоз на жито од Украина. Договорот, кој беше продолжуван повеќепати, истекува на средината од мај.

Договорот за житото истекува на средината од мај
Договорот за житото истекува на средината од мајФотографија: dpa/Ukrinform/picture alliance

Околу три и пол недели пред истекот на меѓународниот договор за извоз на жито од Украина, Русија повторно се закани дека ќе го прекине. 

„Терористичките напади на режимот во Киев го загрозуваат продолжувањето на 'житниот договор' по 18 мај“, објави во текот на изминатата ноќ руското Министерство за одбрана. Русија, која самата ја започна војната против Украина во февруари 2022 година, ја обвинува соседната земја дека во март и април користела беспилотни летала за да ја нападне базата на руската Црноморска флота на полуостровот Крим, кој е анектиран од Москва. Засега нема реакција од Киев.

Русија постојано со различни аргументи се заканува дека ќе го откаже договорот за жито, кој последен пат беше продолжен за 60 денаво средината на март. Неодамна, Москва повторно критикуваше дека договореното олеснување на санкциите за сопствениот извоз на ѓубрива не се спроведува како што треба.

По почетокот на инвазијата на Украина, Русија со месеци ги блокираше црноморските пристаништа на соседната земја. Со оглед на тоа што Украина е еден од најголемите извозници на земјоделски производи, се зголемија стравувањата од екстремно покачување на цените на храната и - како резултат на тоа - криза со глад во најсиромашните земји. Минатото лето, Обединетите нации и Турција со договорот за житотопосредуваа за да се стави крај на блокадата.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми