1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Русија тестираше интерконтинентална ракета

СН/агенции
12 април 2023

Русија лансираше ракета, која може да биде опремена со атомски боеви глави. Москва пред сѐ се фали со нејзиниот дострел. Ракетниот тест, за време на војната во Украина, меѓутоа, според САД, бил најавен.

Russland Interkontinentalrakete RS-24 Yarsin Novosibir
Фотографија: picture alliance/TASS/dpa/Russian Defence Ministry Press Office

Русија изврши пробно лансирање на „напредна“ интерконтинентална балистичка ракета неколку недели откако го суспендираше учеството во договорот за нуклеарно разоружување со Американците.

Една борбена единица успешно лансираше интерконтинентална балистичка ракета (ИЦБМ) од полигонот Капуцин Јар во регионот Астрахан, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Пробното лансирање беше извршено вчера, а беше прецизирано дека боевата глава за обука на наведуваната ракета точно ја погодила целта на полигонот Сари-Шаган во Казахстан и дека планираните задачи се целосно исполнети.

Министерството прецизираше дека целта на пробата била тестирање на напредна борбена опрема. „Ова лансирање овозможи да се потврди исправноста на техничките решенија кои се користат во развојот на нови стратешки ракетни системи“, се вели во соопштението.

САД нагласено опуштено реагираа на демонстрацијата на моќ од страна на Москва. Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, во Вашингтон изјави дека Русија „уредно ги известила САД дека планира да изврши тест на интерконтинентална балистичка ракета“, како дел од нејзините обврски според Договорот за нуклеарно разоружување „Нов СТАРТ“

Од почетокот на конфликтот во Украина во февруари 2022 година, рускиот претседател Владимир Путин повеќепати укажа дека употребата на нуклеарно оружје не е исклучена доколку Москва биде принудена на тоа.

Пробно лансирање на руска интерконтинентална балистичка ракета во декември 2020 годинаФотографија: Russian Defense Ministry Press Service/AP/picture alliance

Најнов пример беше на 25 март годинава, кога најави дека Москва ќе распореди „тактичко“ нуклеарно оружје во Белорусија, нејзин сојузник во конфликтот со Украина, што предизвика загриженост во Киев и на Западот.

Во февруари годинава, двата дома на рускиот парламент гласаа за суспендирање на договорот за „Нов СТАРТ“, потпишан со Американците во 2010 година. Тоа, меѓутоа, е последниот билатерален договор за нуклеарно разоружување, кој сè уште ги обврзува Русите и Американците, да ги ограничат своите нуклеарни арсенал. Тоа, како и одлуката за распоредување нуклеарно оружје во Белорусија беше остро осудено НАТО.

Во февруари, Путин вети дека најновата интерконтинентална балистичка ракета „Сармат“ ќе биде пуштена во употреба годинава, опишана како оружје способно да ги победи сите противвоздушни системи и која, како што рече „ќе ги натера оние кои се обидуваат да ѝ се закануваат на Русија да размислат двапати“.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми