1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Русија тврди дека спречила голема украинска офанзива

ЕМФ | агенции
5 јуни 2023

Според наводи на Министерството за одбрана во Москва, Русија спречила голема украинска офанзива во регионот Доњецк. Од Киев засега нема коментари.

Припадник на платеничките трупи Вагнер во Бахмут
Припадник на платеничките трупи Вагнер во Бахмут (архивска фотографија)Фотографија: RIA Novosti/SNA/IMAGO

Русија спречила голема украинска офанзива во регионот Доњецк, тврди руското Министерство за одбрана. „Целта на непријателот беше да ја пробие нашата одбрана на делот од фронтот што тој го сметаше за најранлив“, изјави во текот на изминатата ноќ портпаролот на Министерството за одбрана во Москва, Игор Конашенков, а пренесува руската државна новинска агенција ТАС.

Украина ја почнала офанзивата во неделата (4.06) на пет дела од фронтот, а украинските вооружени сили загубиле повеќе од 250 војници, се тврди во Москва. Ваквата информација не може да се потврди од независни извори. Од Киев засега нема коментари. Во текот на викендот, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина е подготвена за контраофанзива за враќање на областите окупирани од Русија.

Русија, која ја нападна Украина на 24 февруари 2022 година, во моментов во свои раце има околу 20 проценти од територијата на Украина.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми