1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Руска офанзива во Харков: „Жестоки борби на целиот фронт“

Тагесшау | ЕМФ
11 мај 2024

По почетокот на руската офанзива во регионот на Харков, украинското Министерство за одбрана тврди дека руските напаѓачи се одбиени.

Војна во Украина руски ракетен напад во Харков
Куќа погодена во руски ракетен напад во Харков (10.05.2024)Фотографија: Madiyevskyy Vyacheslav/Ukrinform/Abaca/IMAGO

Руската армија, според украински извори, започнала голема копнена офанзива во областа Харков. Руските сили се обидоа да ги пробијат украинските одбранбени линии со помош на оклопни возила, соопшти украинското Министерство за одбрана. Украинскиот претседател  Володимир Зеленски најави силен одговор од неговата земја и во исто време побара од западните сојузници „навремена“ воена помош.

Засега нема информации од Москва

Според висок функционер на украинската војска, руските трупи напредувале околу еден километар на територијата на Украина. Руското Министерство за одбрана засега не дава никакви информации. Доколку се потврди руското напредување, тоа ќе биде најголемата офанзива на Москва во североисточниот украински регион Харков од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година. Министерството за одбрана во Киев соопшти дека нападите биле „одбиени“, но, сепак, „и натаму има борби со различен интензитет“. Неколку резервни единици, како што се вели, биле преместени во погодената област за зајакнување на одбраната.

Уништување во Харков по руски ракетен напад (10.05.2024)Фотографија: Vyacheslav Madiyevskyy/Ukrinform/IMAGO

Зеленски зборува за „жестоки борби“

Украинскиот весник „Украинска правда“, повикувајќи се на воени извори, објави дека има борби во неколку градови на руската граница. Претседателот Зеленски зборува за „жестоки борби на целиот фронт“. Украина „неизбежно ќе го уништи окупаторот на таков начин што ќе бидат спречени сите руски офанзивни планови“, рече тој во видео-порака. Украинскиот претседател повторно ги повика западните сојузници на Киев да обезбедат натамошна воена помош. „Важно е нашите партнери да ги поддржат нашите војници (...) со навремени испораки“, побара Зеленски.

Во Вовчанск, каде што во моментов живеат околу 3.000 луѓе, и во неколку околни места се врши евакуација на населениетоФотографија: Vyacheslav Madiyevskyy/REUTERS

Евакуација во повеќе места

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека Русија вчера (10.05) извршила неколку воздушни напади со наведувани бомби во областа околу малиот град Вовчанск, кој се наоѓа во близина на границата со рускиот регион Белгород. Регионалниот гувернер Олех Синегубов потврди засилено руско гранатирање на северот на регионот Харков. Според регионален украински функционер, во Вовчанск, каде што во моментов живеат околу 3.000 луѓе, и во неколку околни места се врши евакуација на населението. Виталиј Ганчев, кој е е надележен за деловите од регионот на Харков кои се окупирани од Русија и е инсталиран од Москва, на Телеграм соопшти дека се водат борби на „неколку делови од контактната линија, вклучително и гранични области“.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми