1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Руски обрач околу Харков: „Страшно е”

АРД
13 мај 2024

Украинската војска јавува за тешки борби во руско-украинскиот пограничен регион Харков. Од офанзивата на исток погодено е и местото Вовчанск.

Руски ракетни напади во Харков
Руски ракетни напади во Харков, УкраинаФотографија: SERGEY KOZLOV/EPA

Куќите во Вовчанск горат. Од петокот руските сили го напаѓаат местото со 17 илјади жители северно од Харков. Според аналитичарите на независната онлајн страница „Дип стејт”, Русите имаат заземено шест села во пограничниот регион. „Овие два дена и две ноќи беа ужасни. Господ да нѐ чува. Човек си легнува и се прашува, дали сега ќе те убијат или за еден час”, вели Валентина Хревнова за новинската агенција АП. 75-годишната жена и покрај  нападите со бомби и дронови  сака да остане во Вовчанск. „Ужасно е, ама нема што да се прави. Се надевам дека Русите нема да стасаат до овде", вели таа, а сосетката додека ја напушта нејзината куќа додава „биди ми жива”. Таа во придружба на украинската полиција оди да се засолни на сигурно.
Состојбата во руско-украинскиот пограничен регион се заострува, според аналитичарите на „Дип стејт”. Русија носи сѐ повеќе војска во регионот и ја присилува Украина да ги помести сопствените војници во регионот, објаснува воениот аналитичар Олександар Музиенко. „Факт е дека украинската војска најверојатно ќе ги прераспореди силите во Доњецк”, вели тој и додава дека е можно и „да мора да се повлече од Доњецк, ако ситуацијата се заостри или ескалира на северот и североистокот."

Евакуација на луѓето од селото Вовчанск близу Харков, УкраинаФотографија: Vyacheslav Madiyevskyy/REUTERS

Математиката на руските агресори

Според мислењето на многу аналитичари, тоа се чини дека е и математиката на руските сили. Офанзивата притоа не е неочекувана. Во изминатите недели Русија носеше сѐ повеќе војска во пограничниот регион. Украина офанзивата ја очекуваше подоцна. Русија ичигледно ја користи слабоста на украинските сили, кои со месеци страдаат под голем недостиг на персонал и муниција. Но,  армијата не е само на североистокот под притисок,  како што вели Зеленски. „Ситуацијата во регионот Доњецк останува посебно тензична, пред сѐ во правец Покровск, каде дневно има повеќе од 30 борби. Секако дека внимаваме и на сите други правци од нашата одбранбена операција", вели тој.

Повеќе од 4 илјади луѓе од Харков на безбедно

Украинските власти според сопствени наводи извлекле повеќе од 4 илјади лица од Харков. Една од нив е и 82-годишната Тетјана Василивна од Вовчанск. Таа е префрлена во Харков. „Ракети и бомби истовремено погодија шест куќи, но јас бев неповредена”, вели таа. „Куќата гореше, маж ми беше под урнатините и не реагираше. Ќе ме однесат во Харков. Немам пасош, ништо немам веќе”, вели старицата. Украинскиот претседател по тешките напади ја критикуваше постојано одложената  испорака на оружје  и преку снимено видео порача дека  вистинска помош е оружје  кое де факто стасува во земјата, а не само најави за него.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми