1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаРусија

Руски пратеник го тужи Путин поради зборот „војна“

ЖА / дпа
23 декември 2022

Иако нема изгледи за успех, руски опозициски политичар поднесол пријава против претседателот Владимир Путин поради користењето на зборот „војна“ – досега забранет од Москва за означување на воениот конфликт во Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин
Рускиот претседател Владимир ПутинФотографија: Sergei Fadeichev/TASS/dpa/picture-alliance

Опозицискиот политичар Никита Јуферев од Санкт Петербург го тужи рускиот претседател Владимир Путинпоради дискредитација на армијата – зашто го употребил зборот „војна" за означување на инвазијата врз Украина. „Тој војната ја нарече војна“, твитна синоќа Јуферев. Во исто време веќе илјадници луѓе во земјата се осудени токму поради забрана на овој збор – официјално, во Русија војната против Украина смее да се нарекува само „специјална воена операција".

Путин вчера, за време на импровизирана прес конференција, изјави: „Наша цел не е да го разгоруваме интензитетот на воениот конфликт, туку да ја завршиме војната. Сите вооружени конфликти завршуваат на еден или друг начин со некакви преговори на дипломатски пат.“ Ова е прв пат што шефот на Кремљ го употреби зборот војна за конфликтот во Украина.

Пратеникот Јуферев, како што наведува самиот, вложил жалба кај министерот за внатрешни работи  Владимир Колоколзев и кај генералниот државен обвинител Игор Краснов.

Тужбата нема шанси за правен успех, зашто во последно време и повеќемина пропагандисти блиски до Кремљ го користат терминот „војна“, без да бидат повикани на одговорност. Руското судство не презеде никаква акција и не смета дека постои кривично дело дури ни во јавниот повик на Антон Красовски, директор во руската телевизија РТ, да се палат или дават украинските деца.

Јуферев напротив во септември морал да плати парична казна за делото „дискредитирање на армијата“, откако заедно со други пратеници од градскиот парламент на Санкт Петербург упати повик до руската Дума, Путин да биде обвинет за велепредавство на државата поради војната во Украина.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми