1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КорупцијаРусија

Руски заменик министер за одбрана уапсен поради корупција

ЖА
24 април 2024

Еден од дванаесетте заменици на рускиот министер за одбрана Шојгу е осомничен за корупција: Тимур Иванов, кој се наоѓа на листата за санкции на ЕУ и САД, се сомничи дека примал мито во големи размери.

Тимур Иванов, Русија
Тимур Иванов, еден од дванаесетте заменици на рускиот министер за одбрана Фотографија: Russian Defense Ministry Press Service photo via AP/picture alliance

Според јавното обвинителство, заменик-министерот за одбрана Тимур Иванов е уапсен под обвинение за корупција. Иванов е обвинет за „сторено кривично дело од параграф 6 од членот 290 од Кривичниот законик (поткуп)“, соопшти руската истражна комисија. Очигледно станува збор за „особено висока“ сума за поткуп. Како што пренесува новинската агенција Интерфакс, повикувајќи се на московски суд, Иванов и негов познаник, за кој исто така се вели дека е уапсен, се вмешани во „злосторнички заговор со други лица." Според тоа, московскиот суд му одредил на Иванов два месеца во истражен затвор. Според руските медиуми, нему му се заканува затворска казна до 15 години.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, изјави дека извештајот за апсењето на Иванов му е доставен на претседателот Владимир Путин, додека  министерот за одбрана Сергеј Шојгу  бил однапред информиран. Иванов е еден од дванаесетте заменици на Шојгу. Во својата улога, која ја извршуваше од 2016 година, тој досега беше одговорен за прашања поврзани со недвижности - вклучително и организација на управување со имотот, изградба на воени објекти и сместување на војниците, како и објекти за медицинско згрижување  за вооружените сили.

Во врска со руската војна против Украина, Иванов е на  листите за санкции и во САД и во ЕУ. Според извештаите на медиумите, тој бил одговорен и за градежни проекти во окупираниот источен  украински град Мариупол, кој руската армија целосно го уништи за време на опсадата во првите месеци од војната во 2022 година. Истражувањата на  антикорупциската фондација на Навални  тврдат дека Иванов имал и лично корист од доделувањето на градежни договори во Мариупол. Се вели дека 48-годишникот се развел и од сопругата за да и` овозможи да ги заобиколи санкциите на ЕУ. Магазинот Форбс го наведе експертот за кибернетика и нуклеарна индустрија како еден од  најбогатите луѓе во руските безбедносни структури.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми