1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаРусија

Рускиот министер за одбрана во посета на Северна Кореја

ЕМФ | агенции
29 ноември 2024

Рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов, кој е во посета на Северна Кореја, ја фали воената соработка на двете земји.

Андреј Белоусов, руски министер за одбрана
Андреј Белоусов, руски министер за одбранаФотографија: Sergei Bobylev/TASS/dpa/picture alliance

Воената соработка на Русија и Северна Кореја рапидно се зголемува, оцени рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов, а соопшти руското Министерство за одбрана. Според Белоусов, кој е во посета на Северна Кореја, разговорите во Пјонгјаг треба да го зајакнат стратешкото партнерство во воената сфера помеѓу двете земји. Русокото Министерство за одбрана соопшти дека Белоусов му рекол на својот севернокорејски колега Но Кванг-чол дека Договорот за стратешко партнерство потпишан од Русија и Северна Кореја претходно оваа година има за цел намалување на ризиците од војна во североистична Азија и „одржување на рамнотежата на силите во регионот“.

САД ја обвинуваат Северна Кореја дека испраќа илјадници војници во рускиот регион Курск, каде руските сили се обидуваат да ги потиснат украинските војници. Москва тоа ниту го демантираше ниту го потврди.

Според западни наводи, Северна Кореја испорачува и муниција. Западот претпоставува дека за возврат на тоа, Русија ѝ помага за изградба на ракетната програма.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми