1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаРусија

Руските приходи од енергенси ги надминуваат воените трошоци

ЖА /АФП
6 септември 2022

Русија сеуште заработува рекордни суми со фосилните горива, кои значително ги надминуваат трошоците на војната која ја води во Украина, покажува нова анализа. Германија е еден од најголемите увозници на руски енергенси.

Russland Ukraine-Krieg | G7 wollen Preisdeckel für russisches Öl durchsetzen
Фотографија: Dmitry Lovetsky/AP Photo/picture alliance

Руските приходи од извозот на фосилни енергенси во првите шест месеци од војната во Украина во голема мера ги надминуваат  трошоците на инвазијата.  Центарот за истражувања на енергијата и чистиот воздух (CREA) со седиште во Финска пресметал дека  приходите на Русија  во овој временски период изнесуваат околу 158 милијарди евра. Наспроти нив стојат воените расходи кои според проценките во овој период од шест месеци изнесуваат околу сто милијарди евра.

Русија, и покрај редуцираните извозни количини,  сѐуште остварува  рекордни приходи од фосилните горива,  објаснува аналитичарот Лаури Мулувирта. Податоците покажуваат дека ЕУ со 85 милијарди евра е најголемиот увозник на енергенсите, следи Кина со 35 милијарди евра. Во рамките на ЕУ пак на прво место е Германија со увоз на руски енергенси во вредност од 19 милијарди евра, со што е втор по големина купувач на руски фосилни горива во светот, веднаш зад Кина.

„За да се надмине ваквата ситуација, владите треба да воведат царини или да одредат горни граници за увозот од Русија, како и да ги забрзаат  мерките за штедење енергија“,  истакнува Мулувирта. Пред сѐ е потребно намалено трошење на нафта и на гас, „на тој начин што ќе се зголеми уделот на чисти енергии и електрификација преку топлински пумпи и возила на електричен погон“, вели аналитичарот од Финска.

Германија, и покрај напорите за редуцирање, посебно од избувнувањето на војната во Украина, уште е зависна од увозот на енергија од Русија.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми