1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиБелорусија

Украина загрижена: Русија и Белорусија започнаа воени вежби

СН/агенции
16 јануари 2023

Воздухопловните сили на Русија и Белорусија ги започнаа двонеделните заеднички маневри. Властите во Киев повторно предупредија дека Русија би можела да отвори нов фронт на север од територијата на блискиот сојузник.

Вежби на руското воено воздухопловство (архивска фотографија)
Вежби на руското воено воздухопловство (архивска фотографија)Фотографија: DIMITAR DILKOFF/AFP/Getty Images

Русија и Белорусија започнаа заеднички вежби на воздхопловните сили кои би требало да траат до 1 февруари, соопшти белоруското Министерство за одбрана.

Белорусија вели дека вежбите на заедничките воздушни сили со Русија се од одбрамбена природа за да се подготват за можни борбени мисии, но овој потег доаѓа додека расте загриженоста оти Москва го турка Минск да ѝ се придружи во војната во Украина. Павел Муравејко, заменик на државниот секретар во Советот на безбедност на Белорусија, вели оти ситуацијата на јужната граница „не е баш мирна“ и дека Украина ја „предизвикува“ Белорусија.

Минатата недела Алексеј Полишчук, претставник на руското Министерство за надворешни работи, предупреди оти воените вежби со Белорусија се осмислени за да се спречи ескалација, но и дека најблискиот сојузник на Москва би можел да се придружи ако Украина „нападне“.

Веоните руско-белоруски вежби во февруари 2022 година непосредно пред руската инвазија врз УкраинаФотографија: Viktor Tolochko/Sputnik/dpa/picture alliance

Украина континуирано предупредува од покренување на нова руска офанзива од територијата Белорусија, но Кремљ демантира дека врши притисок на белорускиот претседател Александар Лукашенко да преземе поактивна улога во конфликтот со Украина.

Минск, во неколку наврати, соопшти дека нема да влезе во војна. Од почетокот на војната во Украина, Минск и Москва повеќепати одржаа заеднички воени вежби.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми