1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Руте ја исмева „куцавата“ руска подморница

БГ /РТР
13 октомври 2025

Шефот на НАТО, Марк Руте ја исмеа Русија поради техничките проблеми со подморницата „Новоросијск“, која била влечена низ Северното Море. Иако Москва негира дефекти, западните извори тврдат дека пловилото е „расипано“

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во понеделникот ја исмеа Русија поради лошата состојба на една од нејзините подморнициФотографија: Piroschka Van De Wouw/REUTERS

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во понеделникот ја исмеа Русија поради лошата состојба на една од нејзините подморници, додека руските власти негираа дека таа била принудена да излезе на површина поради технички проблеми.

Црноморската флота на Русија соопшти дека дизел-подморницата „Новоросијск“ излегла на површината крај брегот на Франција за да ги испочитува навигациските правила во Ла Манш, и ги отфрли извештаите дека претрпела сериозен дефект.

Но, холандските власти соопштија за време на викендот дека подморницата морала да биде одвлечена во Северното Море.

А Руте, во говор во Словенија, изјави дека пловилото е „расипано“.

„Сега, практично, речиси и да нема руска морнарица во Медитеранот. Има само една осамена и расипана руска подморница што куца назад кон дома од патрола,“ рече тој.

„Каква промена од романот на Том Кленси од 1984 година ‘Лов на Црвениот октомври’. Денес, тоа повеќе личи на лов по најблискиот механичар.“

Еден Телеграм-канал, кој објавува наводни протечени информации од руските безбедносни служби, на 27 септември објави дека гориво истекува во внатрешноста на „Новоросијск“, што го зголемува ризикот од експлозија. 

Руската подморница веројатно се соочила со сериозни технички дефекти, тврдат западни извори. фото: архиваФотографија: AP

(Не)планиран транзит  

Морнаричката команда на НАТО на 9 октомври објави фотографии на кои, според нив, француска фрегата ја набљудува руската подморница додека се движи на површината крај брегот на Бретања.

„НАТО е подготвен да ја брани нашата Алијанса со постојана будност и морнаричка свесност низ Атлантикот,“ објавија на X, без да ја именуваат подморницата.

Во саботата, холандското министерство за одбрана соопшти дека холандската морнарица ја придружувала „Новоросијск“ и придружниот влечен брод „Јаков Гребелски“ во Северното Море.

Црноморската флота на Русија во понеделник соопшти дека подморницата спроведува „планиран меѓуфлотен транзит“ по завршување на задачи во Медитеранот.

Државната новинска агенција ТАСС соопшти дека пловилото, кое е во служба од 2014 година, е дел од група подморници кои носат крстосувачки ракети „Калибр“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми