1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ОпштествоФранција

Саботажи на француската железница пред почетокот на Игрите

БГ /АФП
26 јули 2024

Француската брза железница од ноќеска е цел на саботажи и подметнати пожари кои го нарушија работењето на транспортниот систем, на само неколку часа пред отворањето на Олимписките игри во Париз.

Железница Франција
Нападите го парализираа железничкиот сообраќај во ФранцијаФотографија: Ian Langsdon/AFP

Извор близок до истрагата, за агенцијата АФП, изјави дека нападите биле координирани „акти на саботажа“.

„Ова е масивен напад на големо ниво со цел да се парализира мрежата на ТеЖеВе (брзата железница)“, соопшти националниот железнички оператор СНЦФ, додавајќи дека многу рути биле откажани. 

„СНЦФ е жртава на повеќе симултани злонамерни дејствија во текот на ноќта“. Нападите имаат последици врз атлантските, северните и источните железнички линии. Сообраќајот е попречен на многу места, а поправките ќе траат најмалку неколку дена. 

СНЦФ ги повика патниците да ги одложат патувањата и да не се доближуваат до железничките станици.     

Нападите се случуваат во пресрет на отворањето на Игрите во главниот град Париз, кој е огромни безбедносни мерки поради очекуваните 300.000 посетители, како и посетата на голем број ВИП гости.

Со парадата е предвидено околу 7.500 спортисти да патуваат на 6-километарска рута по реката Сена со 85 бродови.

Тоа ќе бидат првите Летни Олимписки игри кои нема да бидат отворени на стадион, одлука која носи големи опасности кога Франција е под закана од терористички напади. 

12 топ знаменитости во Париз

00:48

This browser does not support the video element.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми