1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Бајден предупредува од хаос ако Трамп загуби на изборите

СН/агенции
8 август 2024

Што ќе се случи ако Доналд Трамп ги загуби американските претседателски избори во ноември? Актуелниот претседател Џо Бајден предупредува: изјавите на републиканецот за „крвопролевање“ треба итно да се сфатат сериозно.

Претседателот на САД, Џо Бајден
Претседателот на САД, Џо БајденФотографија: Evan Vucci/IMAGO/UPI Photo

Претседателот Џо Бајден изјави дека не е убеден во мирен трансфер на власта во САД доколку републиканецот Доналд Трамп загуби на претседателските избори на 5 ноември.

„Ако Трамп загуби, воопшто не сум сигурен“, рече Бајден во интервју за Си-Би-Си Њуз на прашањето дали мисли дека ќе има мирен трансфер на власта по гласањето.

„Тој го мисли тоа што го кажува. Не го сфаќаме сериозно. Тој го мисли тоа. Сите тие работи... 'ако изгубиме, ќе има крвопролевање'“, додаде Бајден.

За време на предизборниот настап во март во Охајо, Трамп предупреди на „крвопролевање“ доколку не победи на изборите.

Што ќе направи ако загуби на изборите во ноември? Доналд Трамп, кандидат на Републиканската партијаФотографија: Dennis Van Tine/STAR MAX/IP/zz/picture alliance / zz/Dennis Van Tine/STAR MAX/IPx

Бајден се откажа од својата кандидатура

Во тоа време, Трамп разговараше за потребата да се заштити американската автомобилска индустрија од конкуренцијата во странство, а подоцна рече дека мислел на автомобилската индустрија кога го користел терминот.

Трамп лажно тврдеше дека победил на изборите во 2020 година против Бајден и беше кривично обвинет во сојузните држави Вашингтон и Џорџа за незаконски обид да ги поништи резултатите.

Бајден се откажа од кандидатурата минатиот месец, откако колегите демократи побараа да се повлече по лошиот настап во дебатата против Трамп што покрена прашања за возраста и за здравјето на демократскиот претседател.

Потпретседателката на Бајден, Камала Харис, оттогаш ја доби номинацијата на демократите и се кандидираше против Трамп.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми