1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Украина: САД би можеле да дадат дозвола за напади врз Русија

СН/агенции
11 септември 2024

Досега на Украина и беше дозволено да го користи оружјето со долг дострел против Русија само во близина на границата. Киев долго бара укинување на ова ограничување. Претседателот Бајден изјави дека САД работат на тоа.

Според претседателот на САД, Џо Бајден американската влада одлучува за тоа дали да и дозволи на Украина употреба на американско оружје со долг дострел против Русија
Според претседателот на САД, Џо Бајден американската влада одлучува за тоа дали да и дозволи на Украина употреба на американско оружје со долг дострел против РусијаФотографија: Evan Vucci/IMAGO/UPI Photo

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека неговата администрација „во моментов одлучува“ дали САД ќе ги укинат ограничувањата за употреба на американско оружје со долг дострел од страна на Украина во војната против Русија. „Работиме на тоа“, рече Бајден во вторникот одговорајќи на новинарско прашање.

Украина долго време се залага за да може да го насочи оружјето доставено од Западот кон цели длабоко на руска територија. Во петокот, на состанокот на Контакт-групата за Украина во американската воена база во Рамштајн, Германија претседателот Володимир Зеленски уште еднаш побара дозвола да се користи западно оружје со долг дострел за напади врз цели на руска територија.

САД се колебаат  да достават и да дозволат употреба на оружје кое би можело да погоди цели длабоко во Русија поради страв дека тоа би можело да го ескалира конфликтот. 

Останатите сојузници на Киев испорачуваат оружје, но со ограничувања за тоа како и кога може да се користи против Русија, поради загриженост дека таквите напади би можеле да предизвикаат одмазда која ќе ги вовлече земјите на НАТО во војна или ќе предизвика нуклеарен конфликт.

Неименувани извори минатата недела за британската агенција Ројтерс изјавија дека САД се блиску до договор за обезбедување на Украина со такво оружје, но дека Киев ќе мора да почека неколку месеци бидејќи САД ги решаваат техничките проблеми пред која било испорака.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми