1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалСоединети Американски Држави

САД: Хантер Бајден прогласен за виновен среде предизборие

СН/агенции
12 јуни 2024

Синот на американскиот претседател беше обвинет дека ја затаил неговата злоупотреба на дрога кога купувал пиштол. Поротата сега го прогласи за виновен. Ова може да има последици и по изборната кампања во САД.

Хантер Бајден е првото дете на актуелниот претседател осудено за кривично дело
Хантер Бајден е првото дете на актуелниот претседател осудено за кривично делоФотографија: Ryan Collerd/AFP

Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо Бајден, беше прогласен за виновен во вторникот, 11 јуни, за лажење за употреба на дрога за нелегално да купи оружје, а пресудата демократите би можеле да ја искористат за да се спротивстават на тврдењето на Доналд Трамп дека правосудниот систем е против него.

Хантер Бајден беше прогласен за виновен по сите три точки од обвинението откако судот расправаше околу три часа. Првата точка е за давање лажна изјава за набавка на огнено оружје, втората е за давање лажна изјава која мора да се прибави во евиденцијата и третата е за недозволено поседување огнено оружје.

Џо Бајден: „Јас сум претседател, но и татко“

Поротата во федералниот суд во Вилмингтон, во државата Делавер, го прогласи за виновен по сите три точки од обвинението, со што Хантер Бајден стана првото дете на актуелен претседател на САД кое е осудено за кривично дело. Пресудата на 12-члената порота мора да биде едногласна за секоја точка.

По објавувањето на пресудата, претседателот Џо Бајден излезе со соопштение во кое ги истакна неговите двојни одговорности. „Јас сум претседател, но и татко“, рече тој. Тој додаде дека продолжува да го поддржува својот син и дека е горд на човекот каков што е тој денес. Судењето следеше по пресудата на Трамп на 30 мај, првиот поранешен претседател на САД кој беше прогласен за виновен за кривично дело и републикански противкандидат на демократот Џо Бајден, на изборите на 5 ноември.

Можна затворска казна до 25 години

На Хантер Бајден му се заканува затворска казна до 25 години кога судијката Марјелен Нореика ќе ја донесе пресудата, иако оние кои се осудени за првпат не се приближуваат до максималната казна и не е јасно дали судиката воопшто ќе го осуди со затворска казна. Судиката не одреди датум за изрекување на пресудата.

Претседателот Бајден на почетокот на судењето рече дека нема да ја коментира постапката, но драмата на неговиот син во судницата ја следеше со недели додека ги извршуваше службените должности и водеше кампања за реизбор. Сè уште неутврдената казна на Хантер би можела да биде исто толку нарушувачка додека претседателот се подготвува за клучната претседателска дебата подоцна месецов.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми