1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаСоединети Американски Држави

„Конечно решение“ во спорот за јавниот долг

СН/агенции
29 мај 2023

По претходниот начелен компромис, американскиот претседател Бајден и лидерот на републиканското мнозинство во Претставничкиот дом Мекарти изготвија и нацрт-закон со кој треба да се спречи можен банкрот на САД.

Спикерот на Претставничкиот дом, Кевин Меккарти и претседателот на САД, Џо Бајден
Спикерот на Претставничкиот дом, Кевин Меккарти и претседателот на САД, Џо БајденФотографија: Drew Angerer/Getty Images

Американскиот претседател Џо Бајден во неделата потврди дека постигнал договор со републиканскиот спикер на Претставничкиот дом Кевин Мекарти за зголемување на лимитот за задолжување од 31,4 трилиони долари до 1 јануари 2025 година и оти Конгресот сега може да гласа за тоа. Компромисниот предлог-закон кој го изготвија Бајден и Меккарти и кој американскиот претседател го нарече „конечно решение“ има 99 страници. 

„Овој договор е добра вест за американскиот народ“, им рече Бајден на новинарите во Белата куќа по разговорот со Меккарти во кој беа утврдени последните детали на компромисниот предлог-закон. „Ова ја симнува од маса катастрофалната закана од банкрот и го штитат нашето тешко остварено и историско економско закрепнување“, додаде Бајден.

Договорот за јавниот долг, кој ја спречува владата да прогласи банкрот за првпат во американската историја, доаѓа по неколкунеделни преговори меѓу Бајден и републиканците во Претставничкиот дом.

Договорот сепак мора да помине низ поделениот законодавен дом пред 5 јуни, кога американското Министерство за финансии би објавило дека му снема пари. „Силно ги повикувам двата дома да го прифатат договорот“, рече Бајден.

Зградата на Капитол: Сега на потег е Претставничкиот дом на САДФотографија: Mandel Ngan/AFP/Getty Images

Договорот беше критикуван од десничарските републиканци и левичарските демократи, но Мекарти претходно во неделата изјави дека верува дека ја има поддршката од повеќето републиканци.

Договорот ќе го суспендира лимитот на долгот до 1 јануари 2025 година, ќе ги ограничи државните трошоци во буџетите за 2024 и 2025 година, ќе ги врати неискористените средства наменети за борба против пандемијата, ќе го забрза издавањето дозволи за некои енергетски проекти и ќе воведе дополнителни работни обврски во социјалните програми.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми