1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалСоединети Американски Држави

САД: Нападот врз Ружди е „ужасен“

13 август 2022

Американската влада го осуди нападот со нож врз писателот Салман Ружди, нарекувајќи го „ужасен“.

Österreich | Salman Rushdie | indisch-britischer Schriftsteller
Писателот Салман Ружди е тешко повреден во нападот во ЊујоркФотографија: HERBERT NEUBAUER/APA/picture alliance

„Овој насилнички акт е ужасен“, изјави американскиот советник за национална безбедност Џек Саливен. Белата куќа соопшти дека сите во американската влада се молат за брзо опоравување на 75-годишниот писател Салман Ружди.

Ружди беше нападнат со нож вчера претпладне (12.08) на отворена бина во Њујорк од страна на 24-годишно момче. Писателот беше пренесен во болница со рани на вратот и стомакот. Според официјални наводи, тој се лекува во локална болница и приклучен е на респиратор. Менаџерот на Ружди, Ендру Вајли, кого го цитира „Њујорк Тајмс“, наведува дека писателот не може да зборува и дека најверојатно ќе го загуби едното око.

По нападот врз Салман Ружди во Њујорк (12.08.2022)Фотографија: Joshua Goodman/AP/picture alliance

Мотивот за нападот сѐ уште не е јасен. Салман Ружди е роден во 1947 година во Мумбај, Индија. Неговата книга „Сатански стихови“ е забранета во Иран од 1988 година, затоа што многу муслимани ја сметаат за богохулство. Една година по објавувањето на книгата, тогашниот ирански лидер, ајатолахот Хомеини, во 1989 година издаде фатва, повикувајќи на смрт на Ружди.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми