1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

САД нема да ѝ дадат борбени Ф-16 авиони на Украина

ЕМФ | агенции
31 јануари 2023

САД нема да ѝ достават на Украина борбени авиони од типот Ф-16, изјави американскиот претседател Џо Бајден.

Засега нема борбени авиони Ф-16 за Украина
Засега нема борбени авиони Ф-16 за УкраинаФотографија: Jakub Kaczmarczyk/PAP/dpa/picture alliance

Американскиот претседател Џо Бајден отфрла доставување на авиони Ф-16 на Украина. На новинарско прашање во Вашингтон: „Дали САД ќе ѝ стават на Украина на располагање Ф-16?“, Бајден одговори кратко: „Не“.

Откако минатата недела доби ветување за испорака на тенкови, украинското раководство врши притисокврз западните сојузници за испорака на борбени авиони. Тоа Бајден сега го отфрла и со тоа отстапува од она што го претходно го рече заменикот советник за национална безбедност, Џон Фајнер, кој не исклучи категорично испорака на Ф-16.

Францускиот претседател Емануел Макрон од своја страна, во врска со испораката на борбени авкикони вели: „Во основа ништо не е забрането.“ Тој истовремено предупреди од ескалација и потенцираше дека треба да бидат исполнети низа „критериуми“ за испорака на авиони.

Германскиот канцелар Олаф Шолц отфрла испорака на борбени авиони на Киев и предупредува од „постојаниот натпревар во наддавање“ во дебатата околу испораката на опружје. Шолц и Бајден минатата недела по долго колебање ветија испорака на тенкови од типот Леопард 2 и Абрамс на Украина. Потоа украинскиот претседаттел Володомир Зеленски побара од сојузниците и испорака на борбени авиони. Киев веќе има изразено желба и за воени бродови и подморници.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми