1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

САД ќе и` испратат касетна муниција на Украина

БГ /дпа
7 јули 2023

САД се подготвени да и` испратат касетна муниција на Украина за да и` помогнат на земјата да се одбрани од руската инвазија, јавуваат повеќе американски медиуми.

касетна муниција
Неексплодирана касетна муниција во магацин во близина на КиевФотографија: Jessica Koscielniak/USA TODAY/picture alliance

Портпаролот на Пентагон, Пет Рајдер одби да ги потврди информациите за испраќање на ткн. касетна муниција, но соопшти  дека „во случај да ја обезбедиме таквата муниција, внимателно ќе селектираме муниција со понизок распрскувачки капацитет за која имаме направено тестови“. 

Началникот на Генералштабот на американската армија Марк Мајли минатата недела најави дека Вашингтон размислува за испораката. Украина долго бара испорака на касетна муниција како помош за одбраната. Телевизијата СиЕнЕн тврди дека официјалната потврда би можела да дојде в петок. 

Портпаролот на Пентагон, Пет РајдерФотографија: Alex Brandon/AP Photo/picture alliance

Касетната муниција ја сочинуваат ракети и бомби кои експлодираат во воздух врз целта, распрскувајќи многу ситни експлозивни уреди познати како подмуниција.

Критичарите велат дека голем дел од експлозивните средства се остатоци кои не експлодираат но остануваат на местото и претставуваат закана од подоцнежна експлозија. 

Забранета муниција

Повеќе земји меѓу кои и Германија потпишаа договор за забрана за касетната муниција. САД не го потпишаа договорот, исто како и Русија, која користи таква муниција при нападите во Украина. 

САД досега и испратија или ветија воена помош во вредност од над 40 милијарди евра на Украина од почетокот на војната во февруари 2022. 

Остатоци од неексплодирани касетни бомбиФотографија: Ibrahim Hatib/AA/picture alliance

На почетокот на јуни Украина започна контраофанзива против руските трупи и борбите се засилија во повеќе области, што доведе до нови повици од Киев за нова воена помош. 

Истовремено, Романија соопшти дека планира да обучува украински воени пилоти да управуваат со американски Ф-16 ловци. Канцеларијата на претседателот Клаус Јоханис најави дека Романија планира да изгради специјален тренинг центар кој ќе биде заеднички управуван од НАТО сојузниците и производителите на Ф-16.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми