1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

САД привремено дозволуваат продажба на руска нафта на море

ЖА / агенции
13 март 2026

САД воведуваат привремено олеснување на санкциите, дозволувајќи 30 дена купување руска нафта, заради стабилизација на цените по нивниот скок поради војната во Иран. Мерката важи до 11 април.

Нафтен танкер во близина на морски светилник на островот Скруплев
САД привремено ги суспендираа санкциите за купување руска нафта веќе натоварена на танкери како овој (архивска фотографија од 2024 година)Фотографија: Yuri Smityuk/TASS/dpa/picture alliance

Американската влада привремено ќе дозволи купување руска нафта во наредните 30 дена, со цел да се амортизира ударот од наглиот раст на светските цени на енергенсите. Мерката се однесува исклучиво на руска сурова нафта и  нафтени деривати што веќе се натоварени на бродови  и се наоѓаат на море, соопшти американското Министерство за финансии.

Според министерот за финансии Скот Бесент, одлуката претставува „ограничена и краткорочна мерка“ насочена кон стабилизирање на глобалните енергетски пазари, кои се сериозно нарушени од тековниот  воен конфликт во Иран.  Тој нагласи дека дозволата нема да ѝ донесе значителни финансиски придобивки на руската влада.

„Привремениот раст на цените е краткотраен пазарен шок кој долгорочно ќе донесе огромни придобивки за нашата нација и за американската економија“, изјави Бесент, повторувајќи ги ставовите на претседателот Доналд Трамп.

Дозволата важи до 11 април

Според официјалното соопштение,  САД ќе дозволат испорака и  продажба на руска сурова нафта  и нафтени производи натоварени на бродови, почнувајќи од 12 март. Ова олеснување важи до 11 април, до полноќ по време во Вашингтон. Мерката беше најавена само неколку часа по  растот на цената на нафтата над 100 долари за барел.

Претседателот Трамп, претходно во вторникот, најави можност за привремено суспендирање на одредени санкции поради скокот на цените на енергенсите во контекст на војната во Иран. Тој не наведе кои држави конкретно би можеле да имаат корист од мерката, но изјавите ги даде по телефонски разговор со рускиот претседател  Владимир Путин.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми