1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Природа и животна срединаСоединети Американски Држави

САД: Расте бројот на жртви од снежната бура

Катрин Бранд (ард) | БЈ | агенции
26 декември 2022

Над 30 лица загинаа во САД како последица на екстремните студови предизвикани од снежната бура „Елиот“. Се очекува бројот на жртви да расте. Во некои делови од земјата се измерени температури под 40 степени.

Деноноќно расчистување на снежните маси во американската сојузна држава Њујорк
Деноноќно расчистување на снежните маси во американската сојузна држава ЊујоркФотографија: WKBW/AP/picture alliance

Снежната бура „Елиот“ веќе три дена беснее во САД. Најмалку 30 лица починаа како последица на екстремните временски услови. Најголем дел од нив загинале во сообраќајни незгоди. Американските медиуми јавуваат дека бројот на починати е многу поголем. Телевизијата ЕнБиСи известува за 41 жртва, додека ЕјБиСи за најмалку 39. Проценката на спасувачките сили и властите исто така е дека бројот на жртви ќе расте.

„Разорна“ бура

До сега не е видено невреме од вакви размери со снежни виулици, замрзнат дожд, поплави и животозагрозувачки ниски температури. Предупредување од метереолошките служби е издадено за речиси 60% од американското население. Во вакви услови човек може за само неколку минути надвор буквално да премрзне, предупредуваат од метеролошката служба. Само во државата Њујорк вчера се регистрирани 13 починати. Гувернерката Кети Хокул ја нарече „разорна“ бура. Особено е погоден градот Бафало. Таму ветрот достигна сила на ураган поради што во комбинација со снежната бура видливоста падна на нула. Дури и спасувачките екипи беа парализирани, а неколку луѓе починаа поради тоа што службите на итната помош не можеле да стасаат за навремена интервенција, изјави портпарол на округот Ели. Гувернерката на Њујорк, Хокул изјави дека речиси сите противпожарни возила во Бафало биле заглавени.

Градот Бафало на првиот ден од БожикФотографија: Bridget Haslinger/AP/dpa/picture alliance

Во некои сојузни држави температурите од петокот се паднати на минус 45 степени. Студената зона се протегаше од големите езера до зад Рио Гранде на мексиканската граница при што беа погодени милиони луѓе. Дури и во секогаш сончевата Флорида имаше мраз. Во Вест Палм Бич на пример беа измерени шест степени и игуани паѓаа од дрвата, оти овие рептили на студено се парализирани.

Периодично речиси 2 милиони домаќинства беа без струја

Стотици илјади домаќинства и продавници од источниот до западниот брег делумно немаа струја. Според веб страницата poweroutage.us доцна попладнето во неделата помалку од 200 илјади домаќинства биле без струја, додека кулминацијата била достигната со 1,7 милиони. Но, и во наредните денови мора да се смета на тоа дека ќе има повремени исклучувања, предупредуваат операторите. Како последица на снежната бура имаше големи попречувања во автомобилскиот, железничкиот и авионскиот сообраќај. Илјадници летови беа комплетно откажани, само во саботата нивниот број изнесуваше повеќе од три илјади. На речиси 8 илјади дестинации се забележани големи задоцнувања.

Возила излетани од патот во американската сојузна држава МичигенФотографија: Grand Rapids Press/AP/picture alliance

На големите езера се очекува нов снег

Во повеќето сојузни држави полека се смирува ситуацијата. Според податоците на метеоролошката служва на САД центарот на арктичкиот студен фронт се поместил на север и сега е над источниот дел од Канада. Но, во сѐуште силно погодениот регион, околу големите езера на североистокот на САД може да се очекуваат големи навеви на снег и силен ветар. Па така може да дојде до услови налик на снежни бури.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми