1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Трамп ќе бара „политичко решение“ за ТикТок

СН/агенции
28 декември 2024

Доколку популарната социјална мрежа не го смени сопственикот до 19 јануари, ќе биде забранета од продавниците за апликации во САД. Новоизбраниот претседател на САД сега бара повеќе време за изнаоѓање „политичко решение“.

Доналд Трамп го менува курсот кон ТикТок?
Доналд Трамп го менува курсот кон ТикТок?Фотографија: Antonin Utz/Seth Wenig/AFP

За време на неговиот прв претседателски мандат,  Доналд Трамп водеше кампања против ТикТок. Еден ден пред да ја преземе функцијата во вторпат, на кинеската социјална мрежа, поради безбедносни причини, и се заканува забрана во САД. Но, сега, новоизбраниот претседател на САД интервенира во спорот со сосема поинаков мотив. 

Тој имено го повика Врховниот суд на САД да ја запре имплементацијата на федералниот закон за ТикТок кој би довел до забрана на популарната социјална мрежа или до присилна продажба, и рече дека како претседател ќе бара „политичко решение“ за проблемот.

ТикТок и неговиот сопственик БајтДенс се борат како да ја задржат популарната апликација достапна во САД откако Конгресот гласаше за забрана во април, освен ако кинеската матична компанија не го продаде ТикТок до 19 јануари.

Тие побараа укинување на тој закон, а Врховниот суд се согласи да го разгледа случајот.

Дали по 19 јануари ТикТок ќе биде остранет од продавниицте за апликации за смартфони во САД?Фотографија: Tim Wegner/epd-bild/picture alliance

Меѓутоа, доколку судот не пресуди во корист на БајтДенс и продажбата не се случи, апликацијата би можела да биде забранета во САД на 19 јануари, еден ден пред Трамп да ја преземе функцијата.

„Овој случај претставува невидена, нова и сложена тензија помеѓу правото на слобода на говор, од една страна, и загриженоста за надворешната политика и националната безбедност, од друга“, рече Трамп во петокот.

Трамп на почетокот на неделата укажа дека ја поддржува дозволата ТикТок да продолжи да работи во САД барем некое време, истакнувајќи дека имал милијарди прегледи на социјалната мрежа за време на неговата претседателска кампања.

Американското Министерство за правда тврди дека кинеската контрола врз ТикТок претставува постојана закана за националната безбедност.

ТикТок тврди дека Министерството за правда погрешно ги претставило врските на социјалната мрежа со Кина, аргументирајќи дека нејзиниот алгоритам за препораки за содржини и корисничките податоци се зачувани во САД на облак сервери управувани од Оракл, додека одлуките за модерирање на содржините кои влијаат на американските корисници, исто така, се носат во САД.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми