1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

САД: Трамп предупреди на наводни ирански закани за атентат

ЖА
25 септември 2024

Американските разузнавачи го информирале Доналд Трамп за „реални и конкретни“ закани за атентат врз него од страна на Иран.

Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп
Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд ТрампФотографија: Alex Brandon/AP Photo/picture alliance

Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, зборуваше за „големи закани“ по неговиот живот од страна на Иран. „Големи закани по мојот живот од страна на Иран. Целата американска војска набљудува и чека“, напиша Трамп во средата на интернет мрежите. „Иран веќе презеде чекори кои не вродија со плод, но тие ќе се обидат повторно." Тој е опкружен со „повеќе обезбедувачи, пушки и оружје отколку што сум видел досега“, напиша Трамп.

Изборниот тим на поранешниот американски претседател претходно соопшти дека Трамп бил информиран од американските тајни служби за „вистински и конкретни смртни закани“ кон него од страна на Иран. Портпаролот на кампањата на Трамп, Стивен Чеунг, во вторникот изјави дека разузнавачите „утврдиле дека постојаните и координирани напади“ против републиканскиот претседателски кандидат се зголемени во последните месеци. Целта на смртните закани кон републиканецот е „да ги дестабилизираат САД и да предизвикаат хаос“.

Американската федерална полиција ФБИ и другите безбедносни агенции минатата недела објавија дека ирански хакери му понудиле на предизборниот тим на американскиот претседател Џо Бајден, кој во меѓувреме се откажа од трката за Белата куќа, документи кои претходно ги „украле“ од тимот на Трамп. Тимот на Трамп пријави  хакерски напад во август.

На почетокот на август, американските власти објавија дека спречиле заговор, наводно контролиран од Иран,  за атентат врз американски политичари.  Според извештаите на американските медиуми, се вели дека Трамп бил една од неговите можни цели.

Иран негираше вмешаност во заговори за  атентат врз Трамп  или мешање во предизборната кампања во САД. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми