1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиПалестински територии

Газа: САД започнаа изградба на привремено пристаниште

ЖА
26 април 2024

САД започнаа со изградба на привремено пристаниште на брегот пред Појасот Газа за бродовите кои таму носат хуманитарна помош. Израел планира да го обезбеди проектот.

Пред брегот на Појасот Газа
Пред брегот на Појасот Газа САД ќе изградат привремено пристаништеФотографија: Omar Ishaq/dpa/picture alliance

Американската војска започнала со изградба на привремено пристаниште на брегот на Појасот Газа за лиферување на хуманитарни пратки. Портпаролот на Пентагон, Пат Рајдер даде потврда за акцијата: „Можам да потврдам дека американските воени бродови (...) почнаа да ги градат првите делови од привременото пристаниште и да подигаат насипи кај морето."

Реално би било да се очекува  пристаништето да биде оперативно на почетокот на мај. Во меѓувреме, рече Рајдер, ние продолжуваме да работиме заеднички со меѓународната заедница за да донесеме  помош за Појасот Газа.

Владата на САД објави на почетокот на март дека, со оглед на хуманитарната вонредна состојба во крајбрежната област, армијата сака да изгради привремено пристаниште за да носи храна, вода и лекови во воената зона. Биле планирани пловечки платформи во близина на брегот каде што може да се укотват комерцијалните бродови кои носат помош. Стоката потоа би требало да биде префрлена на други бродови и однесена на пловечка патека, каде што на крајот би требало да се истовара.

Израелската армија соопшти дека ќе обезбеди  логистичка и безбедносна поддршка  за американската иницијатива. Претходно беше соопштено дека, според израелски извештаи, палестински екстремисти истрелале минофрлачки гранати на градилиште за хуманитарен проект во северниот дел на  Појасот Газа  за време на посетата на  соработници на ОН.Инцидентот се случил во средата, а според израелските медиуми, нема повредени. Во врска со тоа, Рајдер изјави дека биле испукани неколку гранати на местото каде што требало да пристигнат залихите од хуманитарна помош. Тоа немало влијание врз градежните планови и се случило пред американската војска да започне со изградба на привременото пристаниште. Рајдер повторно јасно стави до знаење дека нема планови американските сили да влезат во самиот Појас Газа. Сè уште не е јасно како ќе се дистрибуира хуманитарната помош на локално ниво.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми